Skip to content

Аполон и Дафне

Постојат две верзии на митот. Едната верзија на митот ја раскажал римскиот поет Овидиј  во своите „Метаморфози“ и ја поставил приказната во Тесалија.

Аполон го задевал богот Ерос (Купидон) велејќи му дека е подобро да му ги даде лакот и стрелата нему, зошто тој подобро ќе се служи со нив. Налутен од овие зборови, Ерос го погодил  богот на сонцето со една стрела и Аполон веднаш се вљубил во придружничката на Артемида Дафне.

Дафне била позната низ цела Тесалија по нејзината убавина, но упорно одбивала  многу додворувачи. Нејзиниот татко Пенеј неволно и  дал благослов  никогаш да не се омажи. Дафне сакала да остане чиста, затоа што била придружничка на божицата Артемида.  Аполон ја бркал Дафне, но таа  упорно бегала од него.

Овидиј  вели дека Дафне била првата девица во која се  вљубил Аполон, но таа упорно ги одбивала неговите љубезни зборови и понуди. Таа знаела дека ако Аполон доброволно не ја исполни својата желба ќе ја исполни со сила. Иако трчала многу брзо знаела дека брзо ќе се замори, а Аполон бил побрз од сите смртници. Затоа Дафне го замолила нејзиниот татко да ја спаси од прогонувачот.

Таткото ги слушнал нејзините молби и ја претворил својата ќерка во ловор. Аполон пристигнал предоцна и бил многу тажен што таа нема да биде негова невеста. Затоа, тој решил го присвои ловорот за себе. Венецот од ловоров лисја го носеле на главата како круна победниците на Питските игри (кои се одржувале во Делфи во чест на Аполон) , и тој исто така бил круна на римските императори.

Напишете коментар