Skip to content

Твоја одговорност е да почнеш со заздравување

Си претрпил голема загуба. Си се загубил себеси. Твоето срце си го загубил, твојата душа и сè она што си бил.

Ти помина низ душевна болка која од тебе ги зема твоите соништа, товјата надеж. Тие го згазија твоето срце и те напуштија, ти го уништија целиот свет. Тие те оставија со трауми. Ти оставија рани кои секогаш ќе те потсетуваат колку болно е твоето минато.

Но сакам да знаеш дека ништо од тоа не беше твоја вина.

Ти не ја бараше болката со боринка. Ти не ги залсужи тие лоши искуства. Ти не ја заслужи болката. Ти не заслужи да страдаш. Но ете. Те повредија. И сега си тука.

Ти си сам и се пбидуваш да направиш чекор за да ја надминеш болката. Правиш се за да ги заборавиш соте болни спомени. Напорно се обидуваш за да не дозовлиш болката да те одвлече надолу во зајачката дупка. Се трудиш да најдеш излез од тој црн лавиринт.

Се бориш за да го “собереш” животот, но има нешто поголемо од тебе што тоа не го дозволува. Нешто поголемо што постојано ве потсетува што е узгубено. Глас што ти шепнува дека ништо повеќе нема да биде исто. Дека ти никогаш повеќе нема да бидеш истата личност.

И ти си исплашен. Но забораваш една многу важна работа.

За да можеш да продолжиш понатаму, мораш прво да се соочиш со сите демони во тебе. Мораш да се соочиш и потоа да започен процес на заздравување. Треба да ја прифатиш болката како дел од тебе и да дозволиш да тече низ тебе. Траумата што ја претрпе не била твоја вина, но затоа заздравувањето е твоја одговорност. Твоја одговорност е да го преземеш првиот чекор кон заздравувањето, кон непознатото. Треба да ги напуштиш твоите стравови. Треба да научиш нешто и преку болните спомени да внесеш љубов во твојот живот.

Треба да се смениш. Да се развиваш. Да растеш.

Ние не сме пуштени во овие води за да страдаме. Сè е во авантурата. Како те менува, како те повредува, како те радува, како те инспирира, како те мотивира. И најважно од сè, како ти реагирап на сето тоа.

Па? Дали ќе бидеш херојот или жртвата во твојата приказна?

Одлуката е твоја.

Напишете коментар