Skip to content

Неуништливиот Хемингвеј преживеал многу нешта во текот на неговиот авантуристички живот

Не е ни чудно што многумина денеска велат дека Хемингвеј бил единствениот кој можел да го убие Хемингвеј. Славниот американски писател и новинар Ернест Хемингвеј (21 јули 1899 – 2 јули 1961) бил необична личност. Светот дотогаш ги паметел кревките и повлечени книжевници, а тој бил силен, љубопитен и жеден за живот. Крајно контроверзна личност, тој целиот свој живот им го посветил на три работи – јадиците, пушките и машината за пишување.

Учество во војни, животни незгоди и несреќи

Нема нешто што не го дофатило Ернест Хемингвеј во текот на неговиот шеесет и нешто годишен живот, од болест, преку повреди до рушење на авиони. Интензивниот живот на овој писател го довел до бројни фронтови. Учествувал во Првата светска, Грчко-турската, Шпанско-граѓанската и во Втората светска војна како воен дописник, но и борец и возач на санитет.

Токму за време на Првата светска војна возел санитет на Црвениот крст. Во јули 1918 година, бил тешко ранет, како што изјавил подоцна и самиот, почувствувал дека животот тече од него. „Беше тоа како да ја влечете свилената марама од џебот само за еден ќош“, напишал по тој повод. После 237 делчиња шрапнел кои биле извлечени од неговото тело, Хемингвеј останал жив со алуминиумска чашка на коленото и два ордени.

Деценија подоцна почнала неговата лична трагедија. Неговиот татко Кларенс Хемингвеј кој бил доктор по струка, се убил на 6 декември 1928г на 58 години пукајќи си себеси во глава од револвер. Кларенс страдал од депресија и дијабетес како и многу членови на семејството Хемингвеј. Иронично, Хемингвеј во тоа време го завршувал својот полуавтобиографски роман „Збогум оружје“.

Смртта на татко му и лошиот однос со мајка му

Татковата смрт го прогонувала целиот живот. Од тогаш понатаму Ернест дел од тагата и збунетоста ги давел во алкохол. На неговиот пријател му признал дека чувствувал како да му се срушил светот. „Татко ми беше кукавица, се самоуби без причини“, пишувал Ернест во 1948 г. убеден дека неговата мајка Грејс Хол го турнала татко му во смрт. Неговата омраза кон мајка му Грејс почнала веројатно кога бил дете бидејќи го облекувала во фустани за да наликува на постарата сестра Марселин.

Односот со мајката се влошил кога почнала да го критикува за кариерата. Грејс пред пријателите ја нарекувал „онаа кучка“. Многумина сметаат дека тоа е причината за многу проблематичниот однос на Ернест кон жените. Додека бил на риболов на познатиот Ки вест, успеал самиот себеси да си пукне во двете нозе додека ловел ајкули. Баксузниот писател силно го повлекол она што мислел дека е ланец од котле за вода па така го срушил лустерот на неговата глава, а еднаш го скршил стапалото шутирајќи ја вратата во наплив на гнев.

Хемнигвеј во Куба

Ернест покрај братот Лестер имал сестри: Марселин, Урсула, Медлин и Керол. Усрула Хемингвеј со години имала рак и три пати била оперирана. Се самоубила во 1996 година со предозирање од јаки таблети против болки во 65 година од животот. Писателот имал четири брака и тројца синови. Со Полина Фајфер го добил синот Грегори кој се откажал од студиите и се отселил од семејниот дом во Канзас. Иако првенствено сакал да биде лекар, Грег се обидел да оствари кариера во повеќе работи, а во меѓувреме станал зависен од алкохол и дрога. Токму поради својата зависност во една прилика завршил во затвор.

Кратка биографија за синот на Ернест 

Кога Ернест дознал за тоа, ја повикал поранешната сопруга Полин, т.е. на нејзе викал дивјачки. Ернест тогаш не знае дека неговата поранешна сопруга заболела од редок вид тумор поради што требало да го избегнува стресот. Фајфер умрела неколку часа после телефонскиот разговор. Ернест за смртта на својата поранешна сопруга го обвинувал Грегори кој пак со години после тоа избегнувал да се соочи со татко му.

Грегори умрел во 2001 година на седумдесет години од животот откако полицијата го уапсила бидејќи седел на пат. На нозете имал розевкасти штикли и фустан во раката. Се дознало дека последните години од својот живот живеел како Глорија и направил операција за промена на полот. Во затворската ќелија останал пет дена, а шестиот не го дочекал бидејќи не ги пиел неговите лекови за манична депресија и високиот крвен притисок. Грегори имал седум деца кој ги добил од четири различни жени. Во текот на животот ги напишал своите мемоари, каде што го опишувал односот со неговиот татко, кој целиот живот се обидувал да го направи горд.

Џон, синот на Ернест чијашто мајка била првата жена на Ернест, исто така имал проблеми со алкохол. Како татко му бил вљубеник во природата и книжевноста. И тој напишал мемоари за односот со неговиот татко. Џон имал три ќерки: Џоан, Марго и Маријел.

Внуката на Хемингвеј била еден од најбараните модели во минатиот век

Внуката на Хемингвеј, Марго Хемингвеј станала еден од најбараните супермодели во седумдесеттите години. Но та од раните тинејџерски години била склона кон диви забави и отсекогаш била насочена кон самодеструкција и го романтизирала самоубиството. Марго која во текот на животот исто така страдала од депресија, пронајдена била мртва во својот стан во Калифорнија. Аутопсијата покажала дека била предозирана со лекови за епилепсија, на нејзини 42 години. Нејзината сестра Маријел со 16 години добила улога во филмот на Вуди Ален „Менхетен“ и одма ја воодушевила публиката, критиката и колегите кои ја наградиле со номинација за Оскар.

Моето семејство низ генерациите беше обележано со самоубиство, алкохолизам, депресија и болест. Целиот живот се учам да се носам со тоа и настојувам да го прекинам проклетството“, рекла глумицата која исто така страдала од депресија за што отворено говорела.

Во своите книги открила дека нејзиниот татко Џон сексуално ги злоставувал нејзините сестри Марго и Џоан додека биле девојчиња. Џоан подоцна е дијагностициран со шизофренија. Мариејл верувала дека нејзиниот дедо, Ернест, имал биполарно растројство. Иако неговата сопруга Мери прво рекла дека писателот умрел под несреќни околности, подоцна признала дека се работело за самоубиство за кое веќе имало обид три месеци претходно.

Хемингвеј преживеал и две соборувања на авиони – и тоа само во два дена, 1954 година.

Најпрво пилотот од Чешка морал да слета за да го избегне јатото од ибиси над Африка, но одбирал помеѓу песочен брег на кој се наоѓале шест крокодили и грмушки околу кои престојувало стадо од слонови. Тој ги избрал грмушките и тие тројца ја поминале ноќта во џунглата опкружени со слонови.

Наредниот ден, Хемингвеј и неговата сопруга се возеле на уште еден мал авион кој се срушил и запалил. Двајцата биле прилично повредени и тогаш медиумите објавиле дека се загинати. Сепак, Хемингвеј весело излегол од џунглата носејќи гранка со банани и шише со џин.

Дека неговиот живот не го обележале повредите предизвикани од бес или авантуристичкиот живот доказ е и фактот дека тој прележал антракс, маларија, тешко воспаление на белите дробови, канцер на кожата, хепатитис и дизентерија.

И најпосле, оние што се упатени во сите негови страдања велат дека Хемингвеј единствено успеал да го убие Хемингвеј. Писателот го завршил својот живот со ловечка пушка во 1961 година, кога и почувствувал дека здравјето му попушта и го оневозможува да живее по негова желба.

Напишете коментар