Skip to content

„Приказни за добра ноќ“ од Наталија Наумовска деновиве излезе од печат

  • by

Деновиве од печат излезе книгата „Приказни за добра ноќ“ од Наталија Наумовска која веќе постои во е-верзија. Печатеното дело е надополнето со втора целина прозни творби. Авторката изјави дека ова е нејзина втора печатена книга што ја виде светлината на денот. Засега промоција нема да се одржи поради актуелната ситуација. Доколку има втор тираж, таа ветува дека ќе се потруди да организира соодветна промовирање како што му доликува на ова нејзино достигнување.

Книгата доживеа мини-претставување преку профилите на инстаграм и фејсбук од самата авторка. Таму таа со своите пријатели и следбеници го прикажа првиот допир со тазе пристигнатите копии. Уште при првиот ден од објавувањето во јавност имаше голема заинтересираност од читателите. Како и прашања како да се дојде до книгата, и интерес истата да се најде во приватните библиотеки.

„Приказни за добра ноќ“ е склоп на прозни дела, кратки дијалози и кратки приказни кои претендираат да допрат до секој читател што ќе биде во допир со оваа книга.
Изобилуваат со длабоки размисли кои секој еден би го натерале да се запраша за многу работи одново и одново.

Настанати се низ подолг временски период, а секој расказ е посебен и претставува своевидна приказна. Неповрзани, со различни тематики, со различни пораки, а исти во едно нешто: да допрат до сечие срце!

Првиот дел од оваа книга е веќе објавен во е-верзија и е наградена на конкурс со поддршка од УНЕСКО во 2016 г. Ова печатено издание е дополнето со втор дел исто така прозни творби. Ја доби втората награда на Дата Песнопој – Битола во едицијата КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ поради што беше овозможено нејзиното печатење.

Како да дојдете до примерок?

Моментално книгата може да се порача директно преку самата авторка на некој од нејзините онлајн профили. Како и на мејловите од блогот: [email protected] и [email protected]. Доколку има промени околу начинот на кој можете да дојдете до книгата ќе бидете известени дополнително.
Едит: Засега може да се купи само во книжарница “Киже“ во Кичево.

Книгата е ставена и на GoodReads и ги чека вашите оцени и рецензии.

Наталија моментално работи на нејзиниот прв роман чијашто идеја се градеше со години. Но не открива ништо повеќе додека не се добие конечната верзија. Таа само изјави дека „мора да вреди штом му посветила толку време“. Открива само дека првиот дел од романот бил напишан за рекордни 15 дена.

Уживајте во читањето на прозните дела од „Приказни за добра ноќ“, следете ги нашите објави на блогот, и за сите останати информации ќе бидете благовремено известени.

На Наталија ѝ посакуваме многу нови изданија, задоволни читатели, и успех во понатамошните нејзини подвизи.

Напишете коментар