Skip to content

Џовани Бокачо и неговото творештво

Џовани Бокачо е роден на 16 јуни 1313 и починал на 21 декември 1375. Тој е италијански писател и хуманист, третиот претставник на италијанската предренесанса, со своето најважно дело за светската литература, со Декамерон, во целост се одделува од метафизичноста на средновековниот начин на мислење.

Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во Неапол, кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема ренесансен град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот Роберт, Марија, која во творештвото на писателот се трансформирала во дона Фјамета. Таа е опеана во стихови и во проза како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.

Творештвото на Џовани Бокачо

Неговото творештво ја покажува предноста на неговиот раскажувачки талент, иако и тој го почнал творештвото со поезија. Песните во “Рими” кои ги пишувал во различни периоди од животот покажуваат дека тој ја нема дарбата на Данте и на Петрарка за префинета поетска медитација за љубовта. Романот во проза Филокло има љубовно-авантуристичка содржина.

Во овој првичен период на своето творештво Бокачо ги напишал:

– Тезеида (еп), со кој според Енеида на Вергилиј се обидел да создаде јуначки еп на народен јазик

– Ловот на Дијана кој е покус еп.

Во позрелите дела на Бокачо треба да се спомене и таканаречениот прв италијански психолошки роман Елегија на госпоѓа Фјамета според неа на жените вљубени раскажана, кој е интересен по раскажувањето во прво лице. Раскажувачот е жена, па тој факт го прави ова дело уште поинтересно. Меѓу помалите дела на италијански јазик се Буколички песни, како и биографиите на познатите жени (од Ева до Ивана Неаполска).

Потоа важното учено дело на Бокачо За родословите на паганските богови, а треба да се истакне и активноста на Бокачо во врска со проучувањето на делото на Данте. Расправите во слава на Данте го содржат култот на Бокачо кон големиот поет на Комедијата, па со право се смета дека токму Бокачо ја нарекол божествена.

Напишете коментар