Skip to content

Вие заслужувате многу повеќе од само едно можеби

Авторката Стефани Ридс повторно укажува на големината на штетата која настанува во вашите срца кога продолжувате да останувате блиску до луѓе кои само ве повредуваат:

Никогаш не разбрав како можат некои луѓе да бидат толку бездушни што можат да ги задушат срцата на другите луѓе и да продолжат со своите животи како ништо да не се случило. Како едно човечко суштество може да го направи тоа на друго човечко суштество? Зарем тие луѓе не се чувствуваат виновно поради фактот дека скршиле нечие друго срце?

Јас не ги знам одговорите на овие прашања, но знам дека ако сте се соочиле со вакво нешто, вашето срце е скршено. Тажен сум бидејќи гледам дека не сте свесни за својата вредност. Немате поим дека заслужувате многу повеќе од она за кое сте се одлучиле. И ме боли кога гледам како давате втора шанса во надеж дека еден тие што ве повредиле ќе сфатат колку се благословени што ве имаат во животот. Реалноста е дека нема да сфатат бидејќи таквите луѓе не се менуваат лесно.

Се надевам дека го знаете тоа. Се надевам дека длабоко во вас знаете дека овие личности нема да ви понудат ништо повеќе од злоба и болка. Тие никогаш нема да ве сакаат на начинот на кој ги сакате вие нив. Колку и да е тешко да ѝ погледнете на оваа вистина во очи, морате да го направите тоа.

Вие заслужувате повеќе од едно можеби.

Се надевам дека ќе најдете сила за да заминете оттаму каде што не ве вреднуваат.

Се надевам дека спомените со тие луѓе ќе бледнеат со теков на времето. Се надевам дека ќе можете да избегате од кафезот каде се затворате себеси и дека ќе сфатите дека ви е подобро без нив.

Ве чекаат многу поубави работи надвор од тој кафез.

И покрај тоа што можеби ви звучи невозможно, знајте дека има љубов надвор од тој кафез. Вистинска љубов, невина љубов, длабока љубов. И оваа љубов е длабоко закопана во нечие срце.

Сето ова е возможно само ако вие одлучите да направите чекор и да ги напуштите луѓето кои ве повредуваат. И најважно од сè, јас се молам за вас. Се молам за да се спасите, за да го направите тој чекор, за да најдете љубов.

Останете силни пријатели. Најдоброто допрва треба да дојде.

Напишете коментар