Skip to content

42 мудри мисли од неповторливиот Ернест Хемингвеј

Ернест Милер Хемингвеј  е еден од писателите познати како припадници на „изгубената генерација“. Покрај со романите, тој се прославил и со кратките раскази за кои придонесол да се зацврстат како полноважен жанр. Во нив применува економичност во изразот – со малку средства да раскаже сугестивна и емотивно обоена приказна. Централна опсесија во неговите раскази и романи се машкоста и смртта, често поврзани со коридата која ја обожавал.

За него пишувавме овде како и овде.

Прочитајте ги неговите мисли во продолжение.

1. „Сите добри книги имаат едно заедничко нешто – пореални се како што се напишани, отколку кога напишаното навистина би се случило.“

2. „Мојата цел е да ставам на хартија сѐ што гледам или доживувам, на најдобар и наједноставен начин.“

3. „Нема ништо посебно во пишувањето. Само седнуваш на машината за куцање и крвариш.“

4. „Не постои пријател лојален како што е книгата.“

5. „Човекот не е создаден за да биде победен. Човекот може да го уништат, но не може да го поразат.“

6. „Колку се подобри писателите, толку помалку зборуваат за она што го напишале.“

7. „Грдите жени остаруваат побрзо од убавите – тие преминуваат од сенка во мрак.“

8. „За многу мажи војната е најголемиот момент во нивниот живот. Тоа ја заменува нивната креативност.“

9. „Мажот мора да биде заљубен во жената за да создаде основа за пријателство.“

10. „Има луѓе кои слушаат ехо, па помислуваат дека сами произведуваат оригинален звук. Има луѓе кои зборуваат, зборуваат и зборуваат сè додека не успеат да кажат нешто.“

11. „На човекот му требаат околу 2 години за да научи да зборува и околу 50 години за да научи да молчи.“

12. „Луѓето кои немаат со што да се фалат, се фалат со својата несреќа.“

13. „Секогаш можеш да пишуваш, ако те остават луѓето на само, и ако не ти пречат. Но, сепак, најубаво се пишува кога си заљубен.“

14. „Сѐ што треба да направиш е да напишеш една вистинска реченица. Напиши ја најточната реченица која ја знаеш.“

15. „За моралот знам само толку, дека е морално она после кое се чувствувате добро, а неморално она после кое се чувствувате лошо.“

16. „Кога луѓето зборуваат, слушај ги целосно. Поголемиот дел од луѓето никогаш не слушаат.“

17. „Среќата кај интелигентните луѓе е најретко нешто.“

18. „Чувај ја бистрината во главата и поднеси го патењето на достоен начин.“

19. „Нема ништо благородно во тоа да се биде супериорен во однос на твојот ближен; вистинскиот успех е да бидеш супериорен во однос на она што си бил во минатото.“

20. „Кога луѓето се согласуваат со мене, секогаш имам чувство дека некаде сум погрешил.“

21. „Идеалист е човек кој знае дека ружата мириса поубаво од морковот, па според тоа заклучува дека и чорбата од ружи може да биде повкусна отколку чорбата од морков.“

22. „Сите наши зборови од постојаната употреба, ја губат острината.“

23. „Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста да жалиме за глупостите.“

24. „Може да нè навредуваат, но не можат да нè покорат.“

25. „Мора да се навикнеме дека на најважните крстопати, не наоѓаме секогаш знаци.“

26. „Оди по својот пат и биди подготвен за вистинскиот момент.“

27. „Светот ги крши сите, но во крајна линија излегува дека некои се појаки на скршените места.“

28. „Обожавам да спијам. Дали знаете дека мојот свет има шанси да се распадне кога сум буден?“

29. „Можеби… ќе се заљубиш во мене повторно.“

30. „„По ѓаволите“, реков „Те сакам доволно сега. Што сакаш да направиш? Да ме уништиш?“. „Да, сакам да те уништам.“„Одлично, реков, „Тоа и сакам да направиш.““

31. „Најдобар начин да дознаеш дали треба да имаш доверба во некого е да му веруваш.“

32. „Најболното нешто е да се изгубиш себеси во процесот кога сакаш некого премногу, и да заборавиш дека и ти си посебен исто така.“

33. „Пијам за да бидат луѓето околу мене поинтересни.“

34. „Секогаш прави го трезен она што си го кажал кога си бил пијан. Тоа ќе те научи да си ја чуваш устата затворена.“

35. „Животот на секој човек ќе заврши исто. Постојат само детали за тоа како живеел и како умрел кои го разликуваат од другите.“

36. „Мачката има целосна емоционална искреност. Луѓето, од една или друга причина, можат да ги сокријат своите чувства, но мачката не може.“

37. „За да можеш да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.“

38. „Никогаш не оди на патување со некој кој не го сакаш.“

39. „Единствената работа која може да го расипе денот се луѓето. Луѓето отсекогаш биле ограничени во среќата, освен оној мал број од нив кои се добри како и самата пролет.“

40. „Има луѓе кои слушаат ехо, па помислуваат дека сами произведуваат оригинален звук. Има луѓе кои зборуваат, зборуваат и зборуваат сè додека не успеат да кажат нешто.“

41. „Храброста е грациозност под притисок.“

42. „Човекот навистина треба да добие многу казни за да напише смешна книга.“

Напишете коментар