Skip to content

34 цитати на славниот писател Александар Дима (таткото)

Александар Дима (таткото), роден на денешен ден (24 јули 1802 година – 5 декември 1870 година) бил француски писател.

Александар Дима (таткото) – еден од основачите на таканаречениот роман – фељтон. Талентиран писател со богата имагинација и жив дух, постигнал успех со своите театарски дела и бил подеднакво успешен и со историските романи.  Неговото најпознато дело е авантуристичкиот роман „Тројцата мускетари“, познат по својот интересен заплет, многу авантури кои ги имаат главните херои кои се многу симпатични за читателската публика.

Неколку цитати од неговите славни романи за кои вреди да се размисли:

1. „Целата човечка мудрост е собрана во два збора – чекање и надевање!“

2. „Според Библијата, жената е последното дело кое го создал Бог; тој сигурно го направил тоа во сабота, зошто може да се види колку бил уморен.“

3. „Жените се немилосрдни кон луѓето коишто не ги сакаат.

4. „Сите за еден, еден за сите.

5. „Жените не мислат ништо, но ако мислат, мислат нешто друго.

6. „Оној што чита знае многу, оној што забележува знае уште повеќе.

7. „Како тоа малите деца се толку интелигентни, а возрасните се толку глупави? Мора да е до образованието.

8. „Ништо не успева така како успехот.

9. „Само човек кој почувствувал огромен очај, може да почувствува голема среќа.“

10. „Чест е почитта што им ја должиме на другите, а посебно она што си го должиме на себе.

11. „Должност, знаете ли што е тоа? Тоа е она што го бараме од другите.

12. „Чистата љубов и сомнежот не можат да живеат заедно; на врата каде што ќе влезе едно како писмо, другото веќе порано излегло.

13. „Животот е последната навика која би сакале да ја изгубиме бидејќи е прва којашто сме ја стекнале.

14. „Не е занимиливо она што ќе ви го кажат жените, поинтересно е она што ќе ви го премолчат.

15. „Бизнис? Тоа е едноставно пари од другите луѓе.

16. „Детето е малечко, но во себе носи човек; мозокот е мал, но сокрива мисла; окото е само точка, но го опфаќа бескрајот.

17. „Никој не е поточен од жената која не ја сакаме.

18. „Какви се не патишта наоѓа срцето и какви причини си дава себеси за да го постигне она што го сака.

19. „Самоубиството е најголемиот злочин, бидејќи е единствен за кој не може да се исплати грев.

20. „Љубовта е физика, а бракот хемија.

21. „Жените често нè поттикнуваат на големи нешта кои подоцна нè спречуваат да ги извршиме.

22. „Сметам дека не можат да се создаваат ликови додека добро не се проучат луѓето, исто како што еден јазик може да се говори само ако се научи сериозно.

23. „Бескорисно е да се побива туѓото мислење; понекогаш човекот успева да победи некого во дискусија, но да го увери – никогаш. Мислењата се како шајки: колку повеќе удираме по нив, толку подлабоко продираат.

24. „Сите за еден, еден за сите.

25. „Ако покажете дека нешто ви е потребно, никој нема ништо да ви даде; ако сакате да се збогатите треба да глумите богаташ.

26. „Како тоа малите деца да се толку интелигентни, а возрасните луѓе толку глупи? Мора да е образованието во прашање.

27. „Ништо не успева како успехот.

28. „Секое воопштување е опасно, па дури и ова.

29. „Кој чита знае многу, кој забележува знае уште повеќе.

30. „Штом незауздана љубов влезе во човечкото срце, таа во него ги нагризува сите останати чувства, таа таму живее на сметка на честа и верата.

31. „Не ги цените парите ни помалку ни повеќе отколку што вредат. Тие се добар слуга, но лош господар.

32. „Среќата е како палата од бајка која ја чуваат змејови. Мораме да се бориме за да ја освоиме.

33. „Личноста која се сомнева во себе е како човек кој ќе се пријави во редовите на својот непријател и носи оружје против самиот себе. Тој својот пораз го направил сигурен со самото тоа што е прва личност која во него верува.

34. „Човекот е секогаш горд ако некаде го запишал своето име, макар било тоа и на кора од дрво, и секогаш се чуди кога таму повеќе не го наоѓа.

Прочитајте ги и следните цитати од Ернест Хемингвеј.

Напишете коментар