Skip to content

Во животот сè се случува со причина

Авторката Стефани Ридс со многу искуство во различни сфери на животот, повторно преку нејзните зборови кои во меѓувреме се како мевлем на рана, нè потсетува дека сите работи се меѓусебно поврзани и дека со она што ќе се соочиме денес, води до нешто подобро утре:

Знам, многумина не веруваат во судбина. Не верувате дека сите работи се поврзани меѓусебе. Понекогаш не верувате дека дури и најболните работи што ќе ви се случат се тука за да ве научат нешто повеќе во животот. Знам, ве разбирам. И јас поминав низ истото. Но знаете што?

Единствената причина поради која сте тука денеска е поради тие искуства. Скршеното срце, секоја солза што сте ја исплакале, секое разочарување. Сето тоа се брои.

Со секој предизвик со којшто сте се соочиле, со секоја препрека што сте ја преминале, вие денеска станавте подобра и посилна личност. Можеби сè уште не знаете, но еден ден ќе сфатите дека секоја мала работа на вашето патување наречено живот е синхронизирана. Секоја личност која ќе влезе во вашиот живот ви испраќа одредена порака. Секој настан, секое мало нешто, води до нешто поголемо во животот понатаму. Сè што ви се случува е само чекор напред. За сè во животот постои причина иако некогаш тоа не го гледаме.

Како што реков, можеби ќе ви треба некое време за да го прифатите овој факт, но дајте си време на себеси. Дајте си простор и размислете. Ќе сфатите многу работи.

Не заборавајте дека колку и да е темно сега, на крајот на тунелот има светло. Повторно ќе бидете добро. Еден ден ќе ја видите светлината и ќе сфатите дека сè е поврзано.

И не заборавајте дека животот е боженствена синхроничност. Сè е меѓусебно поврзано. Она што се случува во моментот го одредува текот на вашето постоење. Сакај го тоа, живеј го тоа, учи од тоа.

Напишете коментар