Skip to content

Култот на Деметра

Деметра е грчка божица на земјоделството и на новиот живот, чувар на бракот и на свештениот сојуз. Таа била многу почитувана уште пред Олимписките богови. Таа е една од дванаесетте богови кои живееле на планината Олимп. Таа е ќерка на Хрон и Реја, а мајка на Персефона, која покасно пак станала жена на Ад.
Во покасната антика, култот со Деметра се сврзува со оној на Кибела. Древните Грци Деметра ја гледале во соѕвездието Девица. Иако нејзините свештенички ги воведуваат невестата и младоженецот во тајните на брачната постела, таа самата немала маж.

Додека била сѐ уште млада вонбрачно ги родила Кора, подоцнежна Персефона и алчниот Јакха со својот брат Зевс. Деметра го научила народот на земјоделство, со тоа што му ја дала пченицата на Триптолем. Како божица на житото, во периодот од сеидбата до жетвата, Деметра била позната и како Хоја.

Во римската митологија таа е позната како Церера или Керера, која била славена како божица на градинарството, културата и мирот. Деметра била прикажувана како жито, а нејзина најомилена птица била штркот. Исто така, многу често, таа била прикажувана на кочија.

Митот за Персефона

Според митот, кога Персефона си играла на ливадата со нимфите земјата одеднаш се отворила и се појавил богот Ад, кој ја присвоил за себе. Ад бил многу вљубен во неа и не сакал да ја пушти од подземниот свет. За тоа време Демитра го слушнала плачот на својата ќерка и побрзала да ја извлече од оваа ситуација, но во тоа не успеала. Деметра лутала низ светот девет дена без храна и вода, сè додека Хелиј не ѝ открил што се случило со нејзината ќерка. Несреќната мајка отишла на планината Олимп и побарала помош од Зевс.

За ова време, Ад се оженил со Персефона. Деметра за тоа време се вратила во својот храм во Елевзина, и на светот настапила голема неплодност на плодовите кое довело и до голема катастрофа како за лугето така и за боговите. Тогаш Зевс одлучил дека е потребно да се вмеша во проблемот па одлучил третина години да живее во подземниот свет со Ад, а остатокот на земјата. Кога Персефона била во подземниот свет, настапувала неплодноста, а кога била на земјата природата разезленувала со прекрасни цвеќиња. Така настанале и годишните времиња.

Триптолем, син на кралот Келеј, Деметра го научила како да ги разработува билките, како знак на благодарност за тоа што неговите родители во времето додека таа тагувала за нејзината ќерка ја прибрале во својот дом, не знаејќи дека е всушност божица. Таа му поклонила зрно жито и го научила како да ја обработува својата земја.

Симболи: вообичаено е прикажувана покрај жито, а најомилена птица ѝ бил штркот.
Нејзини атрибути: жито, факел, афионово семе, змија, нарцис, бубамара, kalathos (кошница од овошје и цвеќиња).

Често е прикажувана на кочија, а ја поврзувале со појава на жетва, вклучувајќи ги цвеќињата, овошјето и житото.

Божица со коњска глава

Во стариот облик на морска божица, Деметра била предмет на страсна желба од Посејдон. Таа од него се скрила во стадо со коњи, давајќи му отпор. Посејдон се претворил во пастув и тргнал по нејзе. Поради тоа таа била бесна и отишла да го испере својот грев во реката Ладон. На Посејдон му ја родила ќерката Деспина и коњот Арион со црна грива. Поради тоа во Аркадија Деметра била почитувана како божица со коњска глава.

Напишете коментар