Skip to content

Мислењето на другите е најголемиот затвор во кој живее човекот

Авторката Стефани Ридс овојпат го става акцентот на односите меѓу луѓето, потенцирајќи дека треба да престанеме да се грижиме за мислењата на другите луѓе. Во продолжение прочитајте го нејзиниот моќен текст.

Никој освен тебе не знае низ што поминуваш во животот. Колку и да се обидуваш ова да им го објасниш тие нема да го сфатат. Само ќе судат без да сослушаат. Верувај ми дека мислењата на луѓето го даваат само нивниот портрет. Тие ќе те слушнат и потоа зборуваат за тебе од својата гледна точка. Многупати мислењата на луѓето се инспирирани од нивни искуства или мислења за тебе, односно тие се субјективни.

Некои од нив нема никогаш да те сакаат, без разлика што ти ќе направиш за нив. Ти не си должен да ги задоволуваш другите. Ти не си должен да постапуваш во согласност со нивните очекувања од тебе. Па, животот е твој и имаш комплетно право да го правиш она што го посакуваш. Тие секако ќе зборуваат, за сè.

Ти си човекот кој најдобро знае што е најдобро за тебе. Ти си оној кој знае што те прави среќен, а што тажен. Само ти ги знаеш своите најдлабоки тајни и најголеми борби. Само ти знаеш што чуваш во душата. Затоа, само ти знаеш каква одлука треба да донесеш.

Животот е премногу краток за да живееш по правилата на другите. Твојот живот е само твоја одговорност. И немој напразно да трошиш секунди, минути, часови, денови, месеци, години за да ги анализираш мислењата на другите луѓе за тебе.

Дури и грешките што ги правиш се само твои. Твоите грешки не треба да ги засегаат другите луѓе. На крајот сè тоа е за твое добро. Запомни дека имаш целосна контрола над твојот живот.

Напишете коментар