Skip to content

Недопирлива – Марија Пандиловска

  • by

Во твојата градина,
зумбулот цвета само откако ќе се покаеш.
Јас во мојата секоја вечер го наводнувам,
а дури наутро се сепнувам дека никогаш не го посадив.
Минаа денови и туѓи прсти низ моите разиграа лето во еден грст облаци.
А ниедна молња не те уништи.

Ти, гол танцуваш врз едно брдо планини
на кои снегот не е утеха,
а јас, прeкриена со стаклена обвивка
шепотам на ветрови пресушени од влажност.

Минаа години, а јас уште се плашам од тие пусти зумбули.
Во твојата градина, зумбулот цвета само откако ќе се покаеш.
Во твојата градина, зумбулот значи заборав.

 Марија Пандиловска

Напишете коментар