Skip to content

Ти. Мојата поезија – Ивана Христова

  • by

Одлучив да пишувам…
Направив тежок избор…
Избрав поезија…
Знаев дека таа е мојот лек.
Таа ќе те зачува тебе,
моите чувства

и мојата надеж која ќе остане
на ова мало парче хартија…
Можеби една строфа ќе згрешам,
не се плашам, се брише…
Јас грешив во нешто,
нешто коешто не се брише,
нешто од кое немав страв
дека ќе се случи,

згрешив во животот што те најдов
што те запознав и те засакав…
И ете, повторно како и секогаш
инспирацијата за мојата поезија си ти…

Дозволи ми!
Да денес јас, овие зборови
ги претворам во капки солзи,
за да се помирам,
за да те заборавам…

Ако некогаш се пронајдеш
во овие мои стихови,
насмевни се, затоа што
ти и понатаму ќе бидеш дел
во моите испишани листови хартија,
во мојот ум за наредната поезија,
а во мојот живот до незаборав…

Ивана Христова

Напишете коментар