Skip to content

10 цитати од Михаил Лермонтов, рускиот поет кој рано го завршил својот живот

Михаил Лермонтов живеел само дваесет и седум години. За него пишувавме овде. Живеел само 27 години и умрел токму како неговиот идол Пушкин за кој напишал контроверзна песна.

Во продолжение прочитајте ги неговите најпознати цитати.

1. „Има луѓе кај кои и очајот е смешен“.

2. „О, немаштино! Ти лост со која Архимед сакал да ја дигне земската кугла!“

3. „Понекогаш ја се презирам себе… Не ги презирам ли другите поради тоа? Станав неспособен за благородни побуди, се плашам да не испаднам смешен во свои очи, друг на мое место на кнегињата би ѝ  ги понудил своето срце и својата судбина, но зборот женидба има над мене некоја магична моќ; ма колку огнено да ја сакам некоја жена, ако само со нешто ми наговести дека треба со неа да се оженам – збогум љубов!

Моето срце се претвора во камен и ништо повеќе не може да го загрее. Освен ова, јас сум спремен на секакви жртви; дваесет пати ќе го ставам својот живот на коцка, па дури и честа, но својата слобода нема да ја продадам. Зошто толку ја ценам? Што имам од нејзе? За што се подготвувам? Што очекувам од иднината? Навистина ништо. Тоа е некаков вроден страв, необјасниво претчувство… Бидејќи има луѓе кои нагонски се плашат од пајаци, лебарки, глувци“.

4. „Да бидеш некому причина за бол или радост, а да немаш на тоа никакво посебно право – не ли е тоа најслатка храна на нашата гордост? А што е всушност среќата? Заситена гордост“.

5. „Страстите не се ништо друго освен идеи во својот прв развиток; тие се своина на младото срце и глуп е оној што мисли дека целиот живот ќе владее со нив. Многу мирни реки почнуваат од гласни слапови, а ниедна не скока и не се пени од самото море“.

6. „Мојата љубов никому не донесе среќа бидејќи ништо не жртвував за оние што ги сакав. Се сакав себе поради себе, поради сопствено лично задоволство. Сам ја задоволував само чудната потреба на срцето лакомо голтајќи ги туѓите чувства, туѓата нежност, радости и тагата и никогаш не можев да се наситам.

Така оној што мојот глад ќе го изнемошти заспива и пред себе гледа обилни јадења и пенливо вино, тој со занес ги голта воздушните дарови на своето вообразување и му се чини дека е полесно; но штом се разбуди, сонот исчезнува… Остануваат двојниот глад и очајот“.

7. „Вродена ми е страста за нешто да се противам; сиот мој живот само низа од жалосни и неуспешни спротивставувања на срцето или разумот“.

8. „Нема ништо што е попарадоксално од женскиот разум: тешко е жените да ги убедиш во нешто, треба да ги доведеш дотаму тие сами да се уверат. Доказите со коишто тие ги ништат своите предрасуди се многу оригинални; за да се научи нивната дијалектика, треба наопаку да се превртат сите научни и школски правила од логиката“.

9. „Нема женски поглед кој јас не би го заборавил гледајќи ги запчестите гори, светењето на Јужното сонце, гледајќи го синото небо или слушајќи го шумот од потокот што паѓа од рид на рид“.

10. „Не, ја така огнено те љубам.

Убавината твоја не блеска за мене:

Во тебе сите минати патила ги љубам

И своите изгубени млади денови“.

Напишете коментар