Skip to content

Дамнешно објаснување од Достоевски за тоа како се победува во животот

Несомнено е дека Достоевски е централна личност и еден од главните ликови во руската книжевност и книжевниот реализам од 19 век, и тоа не само можеби во Русија. Прочитајте што имал тој да каже за победите во животот.

Достоевски за победите во животот

Пред понекоја мисла остануваш во недоумица, посебно гледајќи го човечкиот грев, па се прашуваш: „Треба ли со сила да се победува или смирено со љубов?“

Секогаш носи одлуки вака: “Ќе победам со смиреност и љубов“. Кога ќе се одлучиш вака еднаш засекогаш – целиот свет ќе можеш да го покориш.

Смирената љубов е голема сила, од сите најјака, ѝ нема рамна на овој свет! Секој ден и час, секој миг надгледувај се себеси, за изгледот да ти биде благо убав.

Ете, поминуваш покрај мало дете, помина лит со грд речник, со огорчена душа и можеби не го ни забележа детето, но тоа тебе те виде, твојот лик грд и злобен, можеби остана во неговата слаба и незаштитена срдечност.

Ти тоа не го знаеш, меѓутоа можеби веќе со тоа си фрлил ‘рѓосано семе кое можеби и ќе порасне, а не си се воздржал пред детето бидејќи во себе не си ја негувал внимателната и детална љубов.

Сакајте го човекот со неговите гревови и сакајте ги сите Божји суштества

Браќа, не се плашете од човечките гревови, сакајте го човекот во неговиот грев бидејќи кој сака погрешен човек тој веќе е слика на Божествената љубов и највисокиот врв на земската љубов.

Сакајте ги сите Божји суштества и целокупно, секоја трошка. Секој лист, секој Божји зрак сакајте го. Сакајте ги животните, билките, сакајте го секое нешто. Ако го сакате секое нешто – ќе ја разберете Божјата тајна во нештата.

Кога еднаш ќе ги сфатите нештата после веќе неуморно ќе почнете да ги познавате сè повеќе и со секој ден. Најпосле, ќе го засакате целиот свет со целосна и универзална љубов.

Сакајте ги животните: ним Бог им дал тивка радост. Не ги нарушувајте и вознемирувајте, не ги мачете, не им ја одземајте радоста, не се спротивставувајте на Божјата мисла.

Човеку, не се вознесувај, не мисли дека си подобар од животните, тие се безгрешни. Ти со својата величественост, ти само ја загнојуваш земјата со својата појава, на нејзиниот траг својата гној ја оставаш после себе – и тоа, ох, го прави скоро секој, секој измеѓу нас!

Децата сакајте ги посебено бидејќи тие се безгрешни како Ангели и живеат за да нè разнежат и усреќат, тие живеат заради чистење на нашите гневови, тие се како некој патоказ. Тешко на оној кој ќе навреди дете…“

Напишете коментар