Skip to content

Клучот е во самодовербата – 10 мотивациони мисли за подобар живот

На сите им е потребна доза мотивација за да се соочи со предизвиците кои ги носи новиот ден. Ви претставуваме 10 мотивациони мисли од големите мислители. Прочитајте ги!

1. ,,Може да си осамен дури и тогаш кога многу луѓе те сакаат, ако на никому не си еден и единствен.” – Ана Франк

2. ,,Давањето сè од себе во овој момент ве става во подобра положба во наредниот момент.” – Опра Винфри

3. ,,Да оставиш гневот да тлее во тебе е како да подигнеш од земја вжештен јаглен со намера да го фрлиш кон друг; вие сте тој на кого му гори раката.” – Буда

4. ,,Илјадници свеќи можат да бидат запалени од една свеќа и животот на таа свеќа нема да биде скратен. Среќата никогаш не се намалува кога ја делиш со другите.” – Ганди

5. ,,Детството е родител на личноста.” – Сигмунд Фројд

6. ,,Сомнежот е брат на срамот.” – Ерик Ериксон

7. ,,Единствениот човек кој е образован, е оној кој научил како да се менува.” – Карл Роџерс

8. ,,Кога гледам во светот, станувам песимист, но кога гледам во луѓето јас сум оптимист.” – Карл Роџерс

9. ,,Не грижи се за неуспехот; само еднаш треба да бидеш во право.” – Дру Хјустон

10. ,,Не грижи се за неуспесите, грижи се за шансите што ги пропушташ кога не се обидуваш.” – Џек Канфилд

Напишете коментар