Skip to content

Возот на Тоше

Едно дете со име Тоше
Си играше на земја во едно ќоше,
Во рака му беше возот црвен,
А на ѕидот чукаше часовникот дрвен.

Имаше и други играчки малиот Тоше,
Како на пример малото жолто порше,
Правеше замислени трки и кругови мали
И сакаше со него многу да се фали.

Тоше многу сакаше да си игра со Јоше.
Двајцата беа другари од пелени,
Едниот со очи кафени, а другиот со зелени.
Сакаа надвор велосипеди да возат
Топката под рамо да ја носат
За да играат фудбал на улица
А кога ќе се вратат дома изморени
да каснат по една домашна питулица
и после еден час спиење беа одморени
се чувствуваа како нови – преродени.

Јоше еднаш во игра му рече на Тоше:
„Ти си мојот другар прав и те сакам како брат,
Заедно ќе одиме низ секој пат
И запомни само едно –
Нашето другарство е највредно!“

Напишете коментар