Skip to content

Никола Вапцаров – Илинденска

Честит празник и вековит Илинден! Како што рекол и самиот поет, не сакаме протекторати, сакаме една и единствена слободна Македонија! Прочитајте ја песната од Никола Вапцаров во продолжение.

Илинденска

Вината не беше наша.
Вината беше туѓа
и другому тежи
сто тона одговорност.
Кога ќе дојде ден,
Кога ќе стане нужда,
Сѐ ќе ѝ раскажеме
на мајката историја. –
Започнаа со гнасните си раце
да пипаат во душите на народот.
Гневот беше толку многу накипел,
Што не ја прозреа волчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престапната и плитка лицемерност.
Но идат дни, кога ние ќе можеме
да фрлиме кал во мутрите им црни.
И буната почна.
Немаше зошто
да дигнеме раце,
да изостанеме,
туку
со крвта
на простиот народ
в Илинден влеавме
наша содржина.
Што ќе кажете на таа вест,
Ќе барате ли тука руски рубли? –
во Крушево беше феудална власт
и ете за скок –
градат сега република!
Тие беа исто како нас младинци.
Исти такви собрани сме ние.
И се биеја,
и мреа во метежи,
токму както што утре
ќе умреме и ние.
Не очајувам јас што бура ги покоси,
Еве никнат други во расчадените пожари.
Погледни тука – ете го Питу Гули,
а ти пак си … Никола Карев.
И ако требаат пароли – добро! –
Ќе издигнеме плакати до месечината! –
Слободна сакаме,
Неќеме,
неќеме протекторати!

Напишете коментар