Skip to content

Сети се на мене – Алфред де Мисе

Алфред де Мисе денес се смета за еден од големите француски писатели од романтизмот, чии театарски и поетски дела покажуваат екстремен сензибилитет. Токму таков сензибилитет ја краси оваа негова песна која останува да биде врежана во срцата на оние кои ќе ја прочитаат.

Самиот поет како да чувствува дека брзо ќе го напушти овоземниот свет. Посветена е на неговата голема љубов Жорж Санд. За нивната љубовна приказна прочитајте овде.

Сети се на мене

Сети се на мене кога срамежливата зора

Ја отвора нежно палатата магична своја,

Сети се на мене кога замајната ноќ

Поминува тука под својот сребрен плашт

Кога твоето срце забрзано чука

На вечерни  слатки соништа те вика.

Слушај како од длабината на темнината

Допира еден глас:

Сети се на мене во овој касен час!

Сети се на мене кога судбинската патека

Засекогаш од тебе ќе ме раздвои

И тагата, години и разделбата клета

Со темнина ова мое срце ќе го обои

помисли на ова последно збогум!

Помисли на мојата тажна љубов,

Ни самотијата ни времето не можат да направат ништо на оној кој силно љуби

Се додека моето срце чука

До последен момент

Сети се на мене, мила ќе вика!

Сети се на мене кога под студената земја

Моето скршено срце засекогаш ќе спие;

Сети се кога еден  осамен цвет

На мојот гроб полека ќе се открие.

Повеќе нема да те видам; но мојата душа вечна

Ќе се врати кај вас како ваша верна сестра.

Слушајте го во ноќта

Гласот кој  трепери:

Сети се на мене, тој ќе повтори.

Уживајте и во рецитацијата на песната на француски јазик која може да ја слушнете на видеото!

Напишете коментар