Skip to content

Возбудливи трилери кои вешто ќе си поиграат со вашиот ум

Трилерите се вид романи кои никого не оставаат рамнодушен. Впечатоците траат во првите неколку часови откако ќе ги прочитате. Некогаш остануваат и подолго. Денеска одбравме да ви претставиме 3 возбудиви трилери, како препорака за читање. Не се сомневаме дека вистинските љубители на овој жанр веќе ги имаат прочитано.

Трагајќи по неа – Лиса Гарднер

,,Трагајќи по неа” е трилер од Лисa Гарднер кој дефинитивно ќе ве освои уште на првата страница,благодарајечи на мистеријата која се провлекува низ целата книга.

Имено, пред седум години, безгрижната студентка Флора Дејн ја киднапираат за време на пролетниот распуст. И цели 472 дена, Флора постепено открива колку всушност и што сè може да издржи една личност.

Жива со помош на некое чудо по сето тоа, Флора ги поминува последните пет години привикнувајќи се повторно на ритамот на нормалниот живот и работи со нејзиниот специјалист за жртви од ФБИ. Таа има мајка која никогаш не престанала да ја сака, брат кој се плаши од личноста во која таа е претворена и еден ѕид во нејзината спална соба кој е покриен со слики од други девојки кои за разлика од неа, никогаш не се вратиле дома.

Кога детективката Ди Ди ја повикуваат на место на злосторство, каде што има мртов маж и врзана гола жена која го убила, таа дознава дека Флора се плеткала и со други тројца осомничени откако се вратила во општеството. Па, дали Флора е жртва или одмаздничка?

И дали е можно со нејзиното лично искуство со предатори, таа да може да помогне со спасување на исчезнатата студентка чие киднапирање го тресе Бостон? Но кога и Флора повторно исчезнува, Ди Ди сфаќа дека сè е уште покомплицирано отколку што изгледа и дека некој очигледно решил дека Флора Дејн овој пат нема да побегне жива.

Пациентот – Себастијан Фицек

,,Пациентот” од Себастијан Фицек изобилува со возбуда и секако понекогаш вреди да се чита и меѓу редови:

ПРЕД ЕДНА ГОДИНА: Тил Беркхоф го сака својот син Макс со цело срце. Но и покрај тоа што го чуваат како сопствените очи и постојано го предупредуваат никогаш да не оди со непознати, Макс еден ден оди да игра со другарче и не се враќа дома.

СЕГА: Макс Беркхоф е исчезнат цела година. Само киднаперот знае што се случило со него. Дали е жив или мртов… Но киднаперот сега е во психијатриското крило на затвор со максимално обезбедување и одбива да каже нешто.

Па таткото на Макс нема друг избор, има само еден начин да се стигне до вистината: тој мора да влезе во психијатриското крило на затворот како пациент на тајна мисија. Планот е јасен: нема потреба од насилство, тој сака само признание, последна шанса да си го пронајде синот. Но како и во секоја книга на Фицек, ништо не е така како што изгледа…

Во името на предците – Тес Геритсен 

,,Во името на предците”, без сомнение ќе ве погоди директно во срце почнувајќи од местото на злосторството. Некои од нив не ви даваат ноќе да заспиете. Токму тоа ѝ се случува и на детективката на Одделот за убиства, Џејн Рицоли.

Случајно додека ја предводи групата туристи, Били ја раскажува приказнта за морбидните убиства кои се случиле во бостонскиот Кинески град.

Наеднаш, мислејќи дека станува збор за дел од сценариото на туристичкиот водич, едно момче пронаоѓа отсечена дланка, која ѝ припаѓа на црвенокоса девојка со пресечено грло, облечена во црно. На местото на злосторството доаѓа Џејн Рицоли, кои заедно со медицинскиот вештак Мора Ајлс ќе се обидат да ја откријат морбидната предисторија која ја крие овој случај.

Деветнаесет години претходно, во еден ресторан во кинескиот град се случува масакр по кој се пронајдени пет мртви тела. Но една жена. која била поврзана со масакрот, е сѐ уште жива: мистериозната учителка по боречки вештини која ја знае тајната, но не сака да ја каже, тоа е тајна која живее и демнее од сенките на Кинескиот град.

Погледнете ги и романсите што ќе ги освојат вашите срца уште први првите страници.

Напишете коментар