Skip to content

Ние сме безбројни- Ацо Караманов

Споделуваме македонска поезија! Денешен избор е прекрасната песна „Ние сме безбројни“ од македонскиот поет Ацо Караманов.

Ние сме безбројни

Безбројни сме ние и во нас
металниот повик на бурата ѕвони
со бодрост, со младост и со вера
обземани сме ние, деца војноборни.

Со раце надежни и железни гради
во кои виорот на бурата пее
со жарот на нашите срца млади
чекаме борбата да зататни.

Нашата борба ќе биде моќна
громовно таа ќе збори
за се што нашите срца кријат
за се што во нас гори.

Од нашите раце ќе запее трудот наш
ќе биде тоа песна низ времиња носена
во најмачни беди задоена, одгалена
во таа пламена, лута борба родена.

И кога ќе заблеска бесниот ураган
и куршумите кога ќе загрмат клето
нашата љубов кон оваа земја
ќе им ја кажеме на сите во светот.

Напишете коментар