Skip to content

Легендата за Пелистерските очи

Пелистер  е највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2.601 м надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Пелистер е воедно прогласен за национален парк во 1948 година.

Со посебна природна привлечност се двете глацијални езера, Пелистерски Очи — Големото и Малото Езеро на Пелистер, исто познати како „Горски Очи“.  Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180м. долго е 79 м а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м а малото 2,6 м. Веднаш крај Големото Езеро има планинарски дом со капацитет од 50-100 легла и прекрасни терени за планинарење, алпинизам, планински велосипедизам и спортување.

Околу настанокот на овие природни реткости постои легенда за заљубените две сестри. Според легендата и двете биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Девојките ги пратила во планина со клетва да бидат една до друга, но сепак да не можат да се видат. И двете скршени од несудената љубов почнале да леат солзи, од кои солзи се создале и двете езера.

Напишете коментар