Skip to content

Пол Клодел – француски симболист, целосно предаден на католицизмот

Пол Клодел, роден на денешен ден (6 август 1868 година – 23 февруари 1955 година) бил француски поет и дипломат, брат на вајарката Камил Клодел.

Клодел бил номиниран за Нобелова награда за литература во шест различни години.

Во 1909 година бил испратен да работи како конзул во Прага (1909), генерален конзул во Франкфурт на Мајна (1911), конзул во Хамбург (1913). Потоа бил назначен за министер во Амбасадата во Рио де Жанеиро, Бразил (1916), во Копенхаген (1920). Последователно бил и амбасадор во Токио, Вашингтон и Белгија. Во 1936 година престанал со дипломатската кариера и се населил во замокот Шато Бранже во Изер, со кој се стекнал во 1927 година.

Член на Француската академија од 1946 година и награден со Голем крст на Орденот на Легијата на честа.

Тој е главен претставник на францускиот католицизам во модерната литература, целото свое творештво, во која тој прикажува  преку еден чуден парадокс на симболика и реализам, сложеност и едноставност, разлеаност и длабочина е вдаховено со длабока религиoзност во која успеа да ги обедини  ортодоксијата и модернизмот. Академик од 1946 година, тој исто така пишувал и  лирска поезија во која користел библиски стихови кои самостојно ги прекреирал.

Уште во  младоста, Клодел бил под силно влијание на поезијата на Артур Рембо и Симболистите. И тој самиот бил згрозен  од современите материјалистички погледи на животот како и симболистите. Но, од друга страна, за разлика од повеќето од нив, неговиот одговор на тоа  бил целосно прифаќање и предаденост на католицизмот.

Клодел имал уникатен стил на пишување стихови.  Тој ја отфрлил традиционалната метрика и пишувал  долги, богати слободни стихови без ограничување, наречени Клоделови стихови. Неговиот јазик и неговите слики честопати се бујни, мистични, возбудливи, свесно „поетски“, како што се и неговите лирски песни, Петте големи оди  објавени во 1907 година.

Напишете коментар