Skip to content

Александар Пушкин: првата љубов секогаш е поврзана со чувствителност, втората со сензуалност

Споделуваме неколку мудри цитати од големиот поет Александар Пушкин основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература.

Прочитајте ги во продолжение и ѕирнете во мисловниот тек на Пушкин.

1. „Зависта е сестра на натпреварот“.

2. „Учените ги има многу, умните луѓе малку.“

3. „Да се откажеш од ризикот значи да се откажеш од творештво.“

4. „Сите жени се преубави, а убавината им ја даваат љубовта на мажите.“

5. „Невозвратена љубов не го понижува човек, туку го возвишува“.

6. „Таму каде што нема љубов, не е забавно“.

7. „Првата љубов секогаш е поврзана со чувствителност, втората со сензуалност“.

8. „Народот е како децата, му треба занимација“.

9. „Колку помалку ја сакаме жената, толку повеќе ѝ се допаѓаме“.

10. „Читањето е најдобро учење“.

11. „Тешко е да сакаш, уште потешко да не сакаш, а најтешко е да најдеш некој сакан кој ти ја возвраќа љубовта“.

12. „Почитувањето на минатото – тоа е цртата која ја одвојува образованоста од дивјаштвото“.

Напишете коментар