Skip to content

Творештвото на Роберт Стивенсон

Роберт Луис Стивенсон бил шкотски писател, поет, есеист и патописец. Роберт Стивенсон во светската литература е познат по неговите романи „Островот на богатството“, „Киднапиран“ и „Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“.

Роберт Стивенсон, во своето време, бил познат писател и денес е рангиран меѓу 30-те најпреведувани писатели во светот, веднаш зад Чарлс Дикенс. Тој бил доста почитуван од голем број автори, меѓу кои Хорхе Луис Борхес, Ернест Хемингвеј, Радјард Киплинг, Марсел Шоб, Владимир Набоков и останати светски познати автори.

Роберт Луис Стивенсон позади себе има оставено богато творештво:

Романи:

,,Островот на богатството” – за првпат е објавен во 1883 година. Овој роман е првиот голем успех на Стивенсон и романот обработува приказна за пиратството, закопано богатство и авантура на главните ликови.

,,Црната стрела: приказна за две рози” – објавен е во 1883 година. Романот е историска авантура со елементи на романса.

,,Принц Ото” – романот е објавен во 1885 година и ова е трет целосен роман на Стивенсон. Романот е акциона романса.

,,Чудниот случај на доктоѕ Џекил и господин Хајд” – романот е објавен во 1886 година. Понекогаш се нарекува новела или краток расказ.

,,Киднапиран” –  годинароманот е објавен во 1886. Тој е историски роман во кој се зборува за детето Дејвид Балфор и неговите авантури во Шкотска.

,,Господинот Балантри” – романот е објавен во 1889 година. Романот е приказна за една одмазда која се одвива во Шкотска, Америка и Индија.

,,Погрешната кутија” – романот е објавен во 1889 и е изработен во соработка со Лојд Озборн. Романот е комичен и за истиот има снимано филм.

,,Уништувач” – романот е издаден во 1892 година и е напишан во соработка со Лојд Озборн.

,,Катриона” – романот е издаден во 1893 година и е продолжеток на „Киднапиран“.

,,Осека” – романот е издаден во 1894 година во соработка со Лојд Озборн.

,,Weir of Hermiston” – започнат во 1896 година, но не е завршен бидејќи Стивенсон умрел.

,,Свети Ивс” – напишан во 1897, но не е завршен бидејќи Стивенсон умрел.

Збирки раскази:

,,Нови арапски ноќи” – објавени во 1882 година.

,,Повеќе нови арапски ноќи: динамитерот” – објавени во 1885 година.

,,Среќниот човек и други приказни и раскази” – објавени во 1887 година.

,,Забави на островските ноќи” – познат како „Приказни од Јужното Море“. Објавени во 1893 година.

,,Раскази” – објавени во 1896 година.

Поезија:

,,Детска градина во стихови” – збирката е издадена во 1885 година. Напишана е за деца.

,,Underwoods” – збирка поезија издадена во 1887 година и е напишана на англиски и шкотски англиски.

,,Тикондерога”. Станува збор за легенда од Западните Висорамнини, издадена е во 1887 година.

,,Балади”, која е издадена е во 1891 година.

,,Песни за патување и други стихови”, издадена е во 1896 година.

Раскази:

,,Преспивање на ноќта”, ,,Стара приказна”, ,,Доцно – дневни арапски ноќи”, ,,Провиденс и гитарата”, ,,Троун Џенет”, ,,Ѓаволчето од шишето”, ,,Плажата Фалеса” и други.

Напишете коментар