Skip to content

11 факти за однесувањето на луѓето

Понекогаш се прашуваме зошто сме постапиле онака како што сме постапиле. Некои реакции најчесто и не зависат од нас. Токму тоа можат да го докажат и следните 11 интересни факти за човековото однесување. Прочитајте ги во продолжение!

1. Луѓето кои имаат силно чувство на вина се подобри во разбирањето на мислите и чувствата на другите.

2. Мажите не се посмешни од жените, тие само кажуваат повеќе шеги и не се грижат дали на другите ќе им се допадне или не нивниот хумор.

3. Срамежливите луѓе малку зборуваат за себе, но кога зборуваат, имате чувство дека ги познавате многу добро.

4. Жените имаат два пати повеќе рецептори за болка од мажите, но и многу повисок праг на толеранција.

5. Ако ве мачат мисли пред спиење, треба да ги запишете на хартија. Тоа ќе го опушти мозокот и ќе овозможи да заспиете побрзо.

6. Луѓето ги смирува, опушта и расположува слушање музика со висока фрекфренција.

7. Пораките за добро утро и добра ноќ, активираат дел од мозокот кој е одговорен за чувството на среќа.

8. Луѓето се посреќни ако често прават нешто од кое се плашат.

9. Долгогодишната осаменост е штетна по здравјето како и пушењето по 15 цигари на ден.

10. Најчестиот кошмар вклучува паѓање, неподвижност, прогонување и смрт на блиска личност.

11. Колку се посреќни луѓето, толку помалку сон им е потребен.

Напишете коментар