Skip to content

Јаболче (песна за деца)

Во дворот на клупа

едно дете Марче

јадеше со уживање

сочно и црвено јаболче.

Тоа овошјето многу го сака,

со него за јадење никогаш

не постоеше мака.

Марче сака да стане славен кошаркар

талентот е негов природен дар,

баскетот не го испушта од рака

„Само напред, продолжи така“,

Тренерот му вели, кој многу го сака.

Сонот можеби еден ден

ќе му се исполни,

па ќе стане ѕвезда број еден,

само ако биде многу вреден.

Исполнете ги своите желби и вие,

за да станете тоа што сакате,

запомнете дека трудот е главен,

во денешно време лесно е

на интернет да си славен.

Што и да правите,

запомнете го следново:

„Патот до успехот не е лесен,

а мрзеливоста е противник нечесен“.

Чекорите нека бидат цврсти

има решение за сите пропусти.

Исполнете ги своите цели

бидете оној што своето јаболко

со пријателот на пола го дели.

Исполнете ги своите визии,

и остварете ги сите замислени мисии.

Напишете коментар