Skip to content

Ореолот со чија светлина се просветливме – Димитра Десановска

  • by

Паѓа зрак светлина и во целосен мрак,

а таа светлина за овој народ е

кандилото кое го брка секој враг.

Кандило кое ми дозволува да ги здогледам тие вени,

вени кои итаат како извори кон река,

како дете кое со поглед ја бара мајка му,

и вашите  споени прсти кои ме благословуваат,

споени како вие со Христа.

А на иконата –  браќа,

едниот е постојана сенка на другиот,

и само крстот – сонце.

Молитвата и солзите

вешто ја создаваат плетенката

на мојата воздишка…

Молк.

Аз, буки, веди – буква по буква се реди.

Солзата се лие,

а секое дете од знаењето ваше

се поучува и го пие.

О, вечни столбови на ова славно парче земја…

Методиј на брата си помага,

и Божјата рака ги поткрепува,

круг, триаголник, крст, мака труг и пот грст.

Од темнина се избавивме преку вас…

А што е темнина ?

Да не се знае коренот свој,

па тоа е рана која собрала гној.

И тогаш и сега срцето ваше пои,

и од ништо земно не се бои.

Од грлата на Марија и Лав снажен вик,

а дали можат да се опишат подвизи смели,

а најголем од нив е да се жртвуваат рацете свои,

работа вредна и желби  врели ?

О, големи херои во риза црна,

угодници Божји, браќа свети,

зарем човек ќе порасне

за имињата ваши  да ги шепоти,

човек да ја плакне устата своја

со водата која не пресушува ?

Го оставивте овој свет,

а ние како луѓе кои треба да се скрушат

пред тие очи од кои се точи само љубов и надеж

во Христа го јадеме слаткиот мед.

Таа азбука ваша го донесе овој народ

каде што сега е.

И многу дечиња наши знам, кога ќе чујат,

пред вашата икона ќе стојат со стравопочит

и радосен плач,

зашто оваа земја воскресна во славата

ваша и Божја, и денес

и секоја македонска рожба…

А таа слава е очигледна бидејќи

тој пламен ваш е неугаслив,

и срцата на овој народ се најубави кринови

кои за навек ќе се принесуваат – мал принос кон вас.

 Димитра Десановска

Напишете коментар