Skip to content

Автодафе

  • by

Газам по клавиши распукани, древни

како крстоносец пред константинополска бој

Мојто автодафе зафрлено е, во амбарот затворен

Тмурни се привиденијата и сказанијата

Мимикриран е денот повторен и следен

Бегам од секојдневието монотоно

Од толпата назабена, еднолична

Која без трептеж следи тотем неподвижен

Вдахнувам од животот и велам:

Издахни го јавето, јавнато од себе

Втурни се фуријно низ денот

Тоа го правам јас, сетне

Остави ги јудините нека те спомнуваат

Знај, спомнуваат само име големо

како обелискот на друидот

Дур анимизмот мој како коров вирее

Патот светол постанува

Обратно од месечевата соната

Втурнат во тетрактис сè се расплеткува

при драмата бурлеска

Напишете коментар