Skip to content

Нѐ има

Исчезнуваат последните надежи за средба со мирот

Кој го нема ни во сегашноста ни во минатото ни во иднината

Исчезнуваат последните искри надеж за светлина

Која ја држите во рацете,

Сте помислиле дека сте Сонце

А ние беззимени планети

Кои се само бројка во универзумот

И не броите секој ден .

Кај вас нема веќе иднина. Но кај нас има надеж.

Имаме име. Можеби некој мисли дека сме беззимени.

За вас можеби исчезнува и надежта, но таа постои кај нас одсекогаш.

Само вие не можете да ја видите.

Ослепени сте од светлината на Сонцето.

Кај вас има само гордост. Но, кај нас е покорот.

И нема да потонеме во нашата суета.

Ќе ја надживееме и иднината.

Зошто се бориме во сегашноста

А таа е нашата иднина.

Нѐ има.

Тука сме засекогаш.

Напишете коментар