Skip to content

Пол Клодел – Богородица на пладне

Пладне е. Црквата гледам отворена е. Мора да влезам.
Исусова мајко, не доаѓам да се молам.
Немам што да понудам, немам што да барам.
Јас само доаѓам, мајко, да Ве погледнам.
Да ве гледам,  да плачам од среќа, да знам
Да знам дека сум Ваш син и дека сте тука
Само за момент додека сè не запре.
Пладне е!

Да бидам со Вас, Марија, на ова место каде што сте Вие.
Да не изустам ни збор, само да го гледам Вашето лице,
Да го оставам срцево да  пее на својот сопствен јазик.
Да не изустам ни збор, туку само да пеам зошто срцево ми е полно,
Како ќос кој ги исполнува своите ненамерно измислени куплети.

Затоа што сте убава, затоа што сте безгрешна,
Жена со конечна повратена благодат,

Суштество во нејзина примарна чест
И во своја последна процвет,
Како што излезе од Бога утрината
Од неговиот зачетен сјај.

Неопсливо недопрена затоа што сте
Мајка на Исус Христос,
Кој е вистината во вашите раце, наша единствена надеж
И Ваш единствен плод.

Бидејќи Вие сте жената,
Рајот  на старата заборавена нежност,
Чиј поглед го заробува срцево одеднаш и ги распрскува
насобраните солзи,

Затоа што е пладне
Затоа што сме тука денес,
Затоа што сте тука засекогаш,
Едноставно затоа што сте Марија,
Едноставно затоа што постоите,

Мајко на Исус Христос, Ви благодариме!

песна од збирката „Поетски дела“ (1957),
преведено од француски јазик

Напишете коментар