Skip to content

Штефан Цвајг – еден од најпознатите писатели кои пишувале на германски јазик

Штефан Цвајг бил роден на 28 ноември 1881 во Виена, а починал во Австроунгарија на 22 февруари 1942 во Петрополис, Бразил. Тој бил познат австриски писател, есист и хуманист.

На врвот на неговата литературна кариера, бил еден од најпознатите писатели во светот.

Помеѓу двете светски војни, Цвајг бил еден од најпознатите писатели кои пишувале на германски јазик.

Неговите дела биле преведувани на сите позначајни јазици и имале милиони читатели.

Творештво

Како раскажувач, Цвајг се прославил со своите две збирки новели: „Амок“ и „Збрка и поматување на чувствата“.

Подоцна ја објавил и новелата „Фантастична ноќ“.

За жал, популарноста на овие збирки не успеал да ја повтори со својот единствен роман „Нестрпливо срце“.

По неговата смрт е објавено и делото „Новела за шахот“.

Во неговите новели, најчесто се портретираат проблематични ликови, кои се отфрлени од општеството, како: проститутки, алкохоличари, хохштаплери, морфонисти, хомосексуалци итн.

Истовремено, во своите новели Цвајг дава критика на граѓанскиот морал и општествените конвенции или укажува на празнината и извештаченоста на монденскиот свет.

За да се разбере ликот на Цвајг можеби е најдобро тој да се анализира наспроти оној на Томас Ман, кој дошол во САД во исто време.

Цвајг не бил ни оддалеку толку самоуверен, ниту пак имал чувство на претставник на било што германско.

Евреин кој го отфрлил ционизмот, тој над се ја ценел апсолутната слобода да одбере помеѓу нациите, да се чувствува секаде гостин. Токму тоа и скапо го чинело.

Смрт

Разочаран од самоуништувањето на човештвото во војната, на 22 февруари 1942 година, Цвајг (заедно со неговата втора жена Лоте Алтман) извршил самоубиство, одлучувајќи, како што пишува во своето проштално писмо „навремено и исправен, да го заврши животот на кој духовната работа му беше најсвета радост, а личната слобода најголемо добро на земјата“.

Напишете коментар