Skip to content

Скица за првото писмо до Ема Гермова – Гане Тодоровски

Гане Тодоровски е роден во Скопје на 11 мај 1929, а починал исто така во Скопје на 22 мај 2010. Тој е  македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист.

Ви претставуваме една негова песна, од неговото богато творештво.

Скица за првото писмо до Ема Гермова

Родена за да се родиш на мојот љубовден
И прв и последен, јас Те именувам МОЈА!
До тој ден те прижелкувам по севезден
И дните стопати до прекапнување ги бројам.

I love You, Я люблю тебя, Ich liebe Dich,
Како ли уште треба да речам дека Те сакам?
Колку е збунет овој недовршен стих
Пред една чуденка, пред молкот на саканата!

Зборот го болувам, болот го зборувам,
Не го преболувам, не го прегорувам,
И ќе ме сотрат еден ден чинам
Или убавите жени или лошите вина.

Малку ни остана за да младуваме
Песно, ко најверен пес што ме пазеше
Од сите јадови што ги јадувавме
И од радостите што ги радувавме
Ние – непобедниците непоразени!

Зборови скудни, вие предавници мили,
Речете и:
За Тебе сме сочувани низ сите Харибди и Сцили
Во чувствата на оној што треба да е твој,
Твој во најсвидните денови неспокој.

Напишете коментар