Skip to content

Желби – песна за најмладите

Светот на најмладите е магичен. Велат дека понекогаш треба да поразговарате со дете за повторно да ја сфатите смислата на животот. Понекогаш дури и во песничките за најмалите може да се најде утеха. Ви претставуваме една песничка за најмладите.

Желби

Зоранчо денес прозорци црта,
од секоја куќа по еден зел,
па грижно, грижно од својта желба
на секој става по еден дел:

На оној кај што бабичка седи,
Зоран и нацртал малечко дете
за да има со кого ноќе
приказни топли долго да плете.

На друг пак ставил шарена птица,
птица што има семоќни крила,
на она мало девојче болно
да му донесе здравје и сила.

А пак на оној свирач без нога
што поглед има кроток и убав,
Зоран му нацртал прекрасно цвеќе
за да ја закити својата труба.

Напишете коментар