Skip to content

7 „правила“ од Мартин Селигман кои ако ги практикувате можат да ви го променат животот

Американскиот психолог Мартин Селигман, автор на книги за самопомош и професор, еден од основачите на позитивната психологија спровел значаен број истражувања од кои донесол некои важни заклучоци.

Ја развил концепцијата за оптимизмот како форма на експланаторен стил. Според ова сфаќање, оптимизмот е научен образец на мислење кој се манифестира низ начинот на кој луѓето си ги објаснуваат причините за настаните во нивниот живот.

Тој смета дека следните „правила“ или техники можат да им помогнат на луѓето за да бидат позадоволни од своите животи. Луѓето кои го прифаќаат ваквиот начин на живот стануваат посреќни и посилни.

Прочитајте ги во продолжение неговите препораки што ги основал врз основа на долгогодишното искуство.

1. Правило на огледало

Правилото на огледало е многу едноставно – значи дека секој човек во вашиот живот е ваше огледало. Ја рефлектира вашата личност, карактерните особини дури и оние кои вам ви се допаѓаат. Карактеристиките кои ги гледате кај луѓето околу себе ви даваат прилика да се запознаете себеси подобро и да напредувате.

Имајте на ум дека квалитетите на кои најмногу им се воодушевувате или нештата што најмногу ги мразите кај луѓето околу вас, всушност се ваши.

На пример, ако вас некој не ве почитува, веројатно и вие така се однесувате кон другите, само не можете да го забележите тоа. Ако сакате да промените нешто во некои меѓучовечки односи, почнете од себе – бидете промената што сакате да ја видите.

2. Моќ на избор

Сè што се случува во вашиот живот се случува како последица од изборите кои досега сте ги направиле. Вашиот избор кога станува збор за пријателите, животниот стил, уверувањата…сè тоа ја обликува вашата личност. Сами ја кроите вашата судбина.

Ако во вашата околина имате некоја досадна личност и приметувате кај себе дека секогаш се обидувате да ѝ ги решите проблемите, имајте на ум дека сами сте избрале да го правите тоа во одреден момент. Вие сте дозволиле да биде така и поради истото не треба да им се жалите на другите.

Ако сакате поинаков резултат, мора да направите поинаков избор. Одлучувајте мудро бидејќи секоја одлука се смета.

Секако дека постојат некои работи кои не се последица од вашиот избор – не можете да ги бирате членовите на семејството, комбинацијата на гените, местото во кое сте родени и слично. Тие се едноставни животни правила.

Меѓутоа, иако некои ситуации се надвор од вашата контрола, не значи дека не можете да бирате како ќе реагирате на тие ситуации. Трикот е да ги преземате чекорите кои ќе ве одведат до исходот којшто го посакувате.

3. Моќта на грешките

Мора да го прифатите фактот дека сите грешиме. Понекогаш нашите уверувања и нашите дела без оглед колку сме убедени во нивната исправност, во очите на другите луѓе се погрешни. Погледот кон светот нека не ви биде црно-бел. Никој не е совршен.

Секој од нас има право на грешки. Бидете подготвени да ги препознаете и анализирате, за да можете да ги поправите.

4. Правило на релативност

Некои работи зависат само и исклучиво од нас. Нема потреба да се жалите на својот животен стил, врските, работата. Ако не сте целосно заљубени во некоја особа, глупаво е да го очекувате истото од нејзе. Кога одлучувате дека заслужувате подобро, промените кои ви се потребни ќе почнат да ви се случуваат.

5. Ефект на зависност

 Никој не ви должи ништо. Можете да одлучите да бидете љубезни кон другите и несебично да им помагате. Не можете да очекувате нешто за возврат бидејќи вашата добрина кон останатите е “награда“ сама по себе.

Ако сакате да бидете добра особа, морате да бидете јаки и да верувате во себе. Секако, ќе има ситуации кога би сакале да кажевте: “Не“. Прифаќањето на сè што некој ќе побара од вас нема да ве усреќи. Донесувајте избори и одлуки кои се вистински за вас,

6. Правило на присутност

Почнете да живеете овде и сега. Не размислувајте за минатото бидејќи така ги пропуштате миговите во сегашноста. Не се грижете ниту за иднината однапред. Ако сте премногу фокусирани на минатото може да се чувствувате лошо, дури депресивно. Грижата за иднината води до анксиозност.

Важно е повеќе да се фокусирате на емоциите и мислите кои ги имате во сегашноста – ова е добро за вашето расположение, здравје, но и за односите со другите. Концентрирањето на сегашноста ќе ви донесе среќа и хармонија во животот.

7. Моќта на оптимизмот

Не ги игнорирајте ситниците што ве опкружуваат. Не критикувајте и не се жалете од животот бидејќи тоа е сигурен начин животот да “помине покрај вас“. Уживајте во природните убавини: сонце, река, дрвја, но и во сите прекрасни луѓе со кои сте опкружени.

Обидете се да извлечете максимум од секојдневните случувања за да бидете посреќни.

Бидете продуктивни, активни и живејте го живото со полни емоции. Кога поминувате време гледајќи телевизија, лежејќи на каучот или правејќи нешта кои не го исполнуваат вашиот живот или ум со нешто ново и интересно, како да не сте дел од реалниот свет.

Прочитајте и за визуализацијата и дознајте нешто повеќе за неа.

Напишете коментар