Skip to content

Црвеното пони – Николина Ќорвезироска

Литературата игра навистина голема улога во развојот на најмладите. Читањето е многу важно, без разлика дали станува збор за поезија или проза.

Во продолжение ви претставуваме детска песничка.

Црвеното пони

Црвеното пони, стоеше во салон?!
Не можеше да се придвижи…
Со гуми ко желе, црно стопено
Со рачиња свртени спротивно
Со пајчиња на синџирчиња
Бубачки разлетани
(ко на лондонско тркало)
Без карта платена и страв да берат
Дека некој нови улици ќе мерат
Така изгледаше како параванче
Повеќе не го береше во ниедно станче
Среќа педала си имаше здрава
Сврти назад (даде една контра)
За да се врати на тесното уличе пак
За конечно да си види сончев зрак
Тоа е Црвеното пони …
некој рече
Еве кај иде?!… по гумени бонбони

Автор: Николина Ќорвезироска

Напишете коментар