Skip to content

Кратка басна за мувата и пчелата наменета за деца и возрасни

Басните се мали книжевни дела во стих или во проза, во кои на алегоричен начин се опишуваат човечки особини. Најчесто во басните главни актери се животните, а во нив се исмејуваат особините на луѓето.

Тие се доказ за големината и разновидноста на хеленскиот дух, но претставуваат и ран доказ за положбата на писателот. Како и на книжевниот говор во однос кон општеството. Благодарејќи на тоа што човековите маани ги опишува посредно, преку однесувањето на животните и што непријатната вистина ја искажува низ наивна приказна, басната им дозволувала на писателите голема уметничка слобода.

Мувата ѝ се фалела на пчелата и ѝ велела: Јас живеам каде што живеат луѓето. Дури влегувам и во царските палати, непоканета се наоѓам на царските трпези и се хранам без труд, многупати и пред тие да подадат рака кон јадењето.

А ти се трудиш и работиш цел ден, затворена во кошарата, или излегуваш за кратко време, ги обиколуваш шумите, собираш сè што е нужно за да направиш мед, кој повеќе ги храни мувите и луѓето отколку тебе.

Така е, ѝ одговорила пчелата. Можеш да се фалиш, о муво, за лесниот начин на кој се прехрануваш, ако за тоа добиваше и некаква почит. Но луѓето се толку огорчени од твојата бесрамност, што направија посебно сечило, муволовка, за да те бркаат од нивната куќа.

Достоен за пофалба е оној кој со својот труд им е корисен на другите.

Прочитајте ја и кратката басна за коњот и магарето.

Напишете коментар