Skip to content

20 цитати од Платон: „Почетокот е најважниот дел од секоја работа“

Платон е еден од водечките филозофи во Античка Грција. Тој ги изучувал законите, државата, еднаквоста, правдата, космосот, човекот, љубовта, естетиката. Ја основал Академијата во Атина, прва институција за високо образование. Еден од неговите ученици бил и Аристотел.

Неговото најпознато дело е „Држава“ во која се занимава со прашања за идеална држава. Познат е и по „Протагора“, „Закони“ итн.

Во продолжение прочитајте ги неговите најпознати цитати.

1. „Херојот можеме да го најдеме меѓу стотици луѓе, мудрецот можеме да го најдеме меѓу илјада, но оној којшто навистина тоа и ќе го постигне во животот можеби не го наоѓаме ни меѓу стотици илјади“.

2. „Мудриот човек зборува бидејќи има нешто да каже, додека будалата зборува бидејќи сака да каже нешто“.

3. „Јазикот ветил, не паметот“.

4. „Почетокот е најважниот дел од секоја работа“.

5. „Прва и најдобра победа е да се освоиш себе“.

6. „Љубовта е сериозна ментална болест“.

7. „Од слободниот човек не може да се направи роб бидејќи слободниот човек е слободен и во затвор“.

8. „Се обидувам да мислам, не ме збунувајте со фактите!“

9. „Незнаењето е корен и стебло на злото“

10. „Биди љубезен бидејќи сите кои го запознаваш водат тешка битка“.

11. „Животот мора да се живее онака како што се свири“.

12. „Само мртвите го виделе крајот на војната“.

13. „Ако сакате да создадете нешто големо, вложете го во тоа цел живот“.

14. „Чувството на восхитување покажува дека сте филозоф, бидејќи восхитувањето е почеток на филозофијата“.

15. „Постои само едно добро, а тоа е знаење, и едно зло, а тоа е незнаење“.

16. „Заљубените само себе се гледаат на светот, а забораваат дека светот ги гледа“.

17. „Знаењето коешто го имаме е само трошка од она што го немаме“.

18. „Секое срце пее песна, нецелосна, додека некое друго срце не возврати со шепот. Оној кој сака да пее секогаш ќе најде песна. На допирот од љубовта, секој станува поет“.

19. „Музиката му дава душа на космосот, крилја на умот, лет на фантазијата и живот на сè што постои“.

20. „Никогаш не го обесхрабрувај оној што континуирано напредува, без оглед колку бавно го прави тоа“.

Прочитајте ги и прекрасните цитати од Хорхе Луис Борхес кои ќе ве инспирираат.

Напишете коментар