Skip to content

Сé напуштив

Сé напуштив – ја прегрнав невиноста,

Се вљубив во безначајното,

Сé препуштив на судбината,

Останав да бидам вејка која ја носи ветерот,

Сé оставив да бдее во небиднината

Никогаш нема да бидам сенка на твојот образ,

Сé оставив на говорот на вљубените

Тие може да те помилуваат по образот на судените

Сé заборавив во моментот на погледот

Само надежда остана во

Разголената насмевка.

Таму те носам и се почесто се смеам

За да не те изгубам засекогаш.

Напишете коментар