Skip to content

Животот на Шарл Бодлер како бегство од комформизам

Шарл Бодлер бил роден на 9.4.1821 г., а починал на денешен ден во 1867 г. Бил првиот поет од големиот град, зависник од градските пороци, полн со презир кон граѓаните околу себе. Тој е девијација на природното кое во неговиот вредносен систем е кулминациона точка на сè што го доживува како вулгарно.

Доблестите според него се сосема неприродни појави, па така сè природно треба да се исфрли како нешто што на човекот му ја одзема неговата посебност. Додека посебноста она со кое Бодлерова суета се хранела целиот негов живот, не од празната проза туку од желбата низ необичност и исклучителност да ја надмине баналноста на човечкиот живот.

Таа баналност тој ја гледал насекаде околу себе, и од неа му се гадело. Истата предизвикувала чувство на елитно доживување мачнини од живуркање која е својствена на големите духови и која се лекува со уметност или порок. Или барем се обидува да се излекува.

Бодлер од своето проклетство, кое е неретко проклетство на сите луѓе кои се осудуваат да погледнат со поостро око во своите животи, ја создал својата поетика. Тој бил поет од големиот град, вљубеник во мачките и проститутките.

Краток осврт на неговиот живот

Бил уживател на апсинт и опиум, носител на сифилис, задоен католик од луциферската фигура полна со безбожен бунт. Прогласен е за некрунисан париски принц на темнината, прв меѓу отфрлените и прогонетите од татковската прегратка, и носител на новото светло на поезијата.

Темелната обработка на биографијата, како пристап на толкување на поезијата, како гласна лага.  Не би имало потреба да се занимаваме со неговиот живот ако не го правиме тоа со намера да ја разбереме неговата поезија.

Животот на Шарл Бодлер од најраните денови е извонредна песна во неправилен стих.  Напишана на неакадемски јазик, полна со вулгаризми и противење на сите правила на стилот, отворање на нови хоризонти.

Во текот на детството, две работи биле од пресудно значење за формирање на неговата личност. Најпрво била раната смрт на неговиот татко, а потоа неговата мајка се премажила за најомразениот очув. И накрај следува строгото католичко воспитување.

Покрај сите богохулни постапки и верувања на поетот, католицизмот е присутен во неговата поезија како матичен јазик. Против него може да се пишува само на таков ист јазик. Мотивите, метафорите, стравовите и предметите на омраза и обожување во Бодлеровата поезија доаѓаат од католицизмот.

Презирот кон секојдневието, копнежот за нешто возвишено што го очекувал од животот, и човекот, свој корен имаат во христијанските проповеди и големите католички катедрали. Потоа, кога животот не се спротивставувал на проповедите, и едните и другите се омразени како последна лага.

Со неговите 18 години Шарл Бодлер вриел од ужас кон градскиот живот кој единствено го вреднувал бенигното задоволување на конформизмот. Малку пишува песни, малку се пијани на прочуените боемски места во Париз. Целосно живее како боем, се облекува елегантно, се однесува отмено. Со себе сепак насекаде води една проститутка како своја придружничка.

За да го склони од „лошото друштво“, очувот кој по сè судејќи навистина му посакувал добро го праќа на патување во светот. Но неговото „добро“ било целосно поинакво од она што младиот Бодлер под тоа подразбирал.

Што правел на патувањата?

Таму поетот му се воодушевува на островот Маврициус. Се запознава со задоволството од опиум и хашиш, а од патот доведува и една мулатка која му станува љубовница. Парите наследени од татко му ги троши безмилосно, запаѓа во долгови, има обид за самоубиство. Ќе го преведува По за да ги отплати долговите и со тоа му ја отвора вратата на американскиот поет на европската книжевна сцена.

Гладот за шокирање е огромен – ја обојува косата во зелено (боја на омилениот пијалак на париските боеми, апсинт). Потоа лаже дека е политички шпион, дека е хомосексуалец, дека го убил и изел својот татко, а сите слепо му верувале на зборовите.

Шарл Бодлер за пиењето

Треба секогаш да се биде пијан, Сè е тука: тоа е единствено прашање. За да се го чувствувате страшното бреме на времето кое ви тежи на плеќите и ве свива кон земјата, треба да се пијаните без издишка. А, со што? Со вино, поезија или доблести како што ви е волја. Но, бидете пијани. Па ако понекогаш се разбудите на скалите на некоја палата на зелена трева во некоја светла, во мрачната самотија на својата соба, кога пијанството веќе попуштило или исчезнало, прашајте го ветрот, бранот, ѕвездата, птицата, часовникот, сè што брза, сè што кружи, што шуми, што пее, што зборува, прашајте го колку е часот. И ветрот, бранот, ѕвездата, птицата, часовникот ќе ви одговорат: „Време е да се испијаните!“

За да не бидете мачен роб на времето, испијанете се, испијанете се без прекин! Со вино, поезија, или доблести, како што ви е волја“.

Оваа песна е Бодлеровото „верување“. Тој не е пијаница, не е лаком, наркоман како што моралистите би сакале да го претстават. Порокот за него е „пијанење“,, бегство од светот на баналноста којашто не умеел на друг начин да ја надмине.

Тоа е обид да се пронајде лек за заборав за болната младост и ранетата душа. За крвавите крилја на тромавата птица која другите ја гледаат под око, а нејзе ѝ здодеало да им се потсмева повеќе, да ги презира во себе.

Што е за него порок?

Порокот е неговиот изговор да не се стопи во масата, да ја исмее на уште еден начин. Има ли сепак поголемо исмевање од создавање вистинска, револуционерна поезија? Има ли подефинитивна врска од кинење на врската со сите „нормални“? Поетите кои процветале под неговиот сјај ќе одговорат одречно во наредните децении.

Мајстор на умисленоста и дрскоста го пишувал и следново, мазохистички уживајќи во омразата на светците:

Гледајте ме како ретка ѕверка! А треба да знаете дека е од општеството прогонет оној кој има некршлива снага на духот, за глава повисок од баналните светци. Овој свет стекнал толку тежина на пророштво, што тоа, наспрема човечкиот дух, добил сила на страста. Но, има исклучителен оклоп кој ни самиот отров не би можел да го нагризе… Останав тоа што некогаш и бев: одговорен и расипан. Олеле! Ми недостасува можеби удар од бич кој им го доделуваат на децата и робовите…Но не се грижи: кога ќе предизвикам општа одвратност и ужас, ќе ја освојам осаменоста.

Од сè споменато сфаќаме дека не е нималку неочекувано токму што Шарл Бодлер бил тој кој прв јасно ќе се заложи за она што во споредните текови на книжевноста постоело колку и таа сама: за естетиката на грдото. Наспроти убавото, и складот кои во себе секогаш содржат малку лага и завиткано во лаги е грдо е сурово и живо, бескрупулозно во претставување на светот и голотијата на нашите души.

Грдото е деформитет каков што е и самиот живот, она што вознемирува бидејќи во нас пробудува несвесно тежнение да го поправиме, да го доведеме во ред. Исто како што чувствуваме и кон нашиот и сечиј живот.

Прочитајте ги неговата поема „Хармонија на вечерта“  и „Албатрос“ што ги имаме претходно споделено.

Напишете коментар