Skip to content

Денес ви ја предлагаме пикантната комедија од Гијом Мисо „Девојка од хартија“

Ако ве привлекува мистицизам, ако сакате мешавина од фантазија и реалност оваа книга сигурно ќе ви се допадне. Пред сè, овој роман ни носи јасна порака дека книжевноста е многу важна и дека пријателството е многу моќно. Главниот лик Том Бојд, е писател кој постигнува огромен успех со неговите бестселери. Но, откако неговата девојка ќе го остави, тој не може да напише ниту еден збор и бара утеха во алкохолот и дрогата.

Неговата депресија го турка на работ и го доведува до самоубиство. Една бурна ноќ се буди и ја наоѓа хероината на еден од неговите романи во неговата дневна соба. Оваа неочекувана средба го поттикнува да го сврти наопаку својот живот и да  ја надмине блокадата која го мачи. Но, наскоро ќе сфати дека девојката не е тоа што тој замислува дека е…

Прочитајте за каква хероина се работи во овој интересен роман на Гијом Мисо и ќе видите зошто овој е еден од неговите најпопуларни романи во Франција.

Ќе видите зошто книгите имаат посебно место во нашите животи!

Напишете коментар