Skip to content

Запознајте се одблизу со францускиот поет Пол Елијар

Пол Елијар бил француски поет. Тој бил роден во 1895 година. Бил учесник во Првата светска војна, против своја волја, кога со свои очи го видел ужасното крвопролевање во кое западнало човештвото. Подоцна, тој со восхит ја пречекал Шпанската граѓанска војна, по што им се приклучил на комунистите.

За време на Втората светска војна бил член на француското движење на отпорот против нацистите. Својата прва збирка поезија, Елијар ја објавил кога имал 22 години. Елијар е еден од основачите на надреализмот.

Во 1926 година, Елијар ја објавил „Престолнина на болката“ – ремек-дело на надреализмот, по што следувала и „Опачините на еден живот или човечка пирамида“.

Други дела

,,Непрекината поезија

„Политички стихови“

„Една морална лекција“

,,Феникс”

Во продолжение ви претставуваме една од неговите најпопуларни песни „Јас немам друга желба“.

Јас немам друга желба

Јас немам друга желба освен да те сакам
Една луња ја исполнува долината
Една риба реката

Јас те создадов според мерката на мојата осаменост
Еден целосен свет да се сокријам
Денови и ноќи за да се разберам

За да не видам ништо друго во твоите очи
Освен она што го мислам за тебе
И за еден свет што е според твојата слика

И денови и ноќи определени од твоите клепки.

Напишете коментар