Skip to content

Кратка поучна приказна за надежта

Сите знаеме дека надежта никогаш не треба да ја загубиме. Но исто така сите знаеме и дека понекогаш тоа е многу тешко да се направи.

Ви претставуваме кратка поучна приказна за истата.

Полека си гореа четири свеќи. Беше доволно тивко за да се слушне нивниот разговор.

Првата свеќа рече: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме зачуваат, нема потреба да горам, мислам дека ќе се изгаснам.“ Свеќата веднаш се изгасна.

Втората свеќа рече: „Јас сум ВЕРА – за жал многу луѓе имаат површна вера и јас не ги интересирам, нема смисла и понатаму да горам.“ Само што ги изговори овие зборови, дувна тивок ветер и ја изгасна.

Третата свеќа жалосно рече: „Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене.“ Во истиот момент се изгаси.

По кратко време во собата влезе едно дете. „Што е ова?“ – се запраша детето. „Требаше да горите до крај.“ Детето почна да плаче.

Тогаш се огласи четвртата свеќа: „Не плаши се, сè додека горам јас, ќе можеме да ги запалиме другите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“

Напишете коментар