Skip to content

Легендата за двата меча на кралот Артур

Екскалибур е легендарниот меч на кралот Артур, на кого му се препишуваат волшебни сили или е на некој начин поврзан со правото на наследство во Велика Британија. Постои легенда за два меча и тоа Екскалибур и Мечот во камен (со кој се докажало благородното потекло на Артур). Според одредени легенди се работи за едно исто оружје, но во повеќето се тие се спомнуваат како два различни мечови. Екскалибур e поврзан со легендата на Артур многу рано.

Од каде потекнува името?

Името Ексалибур произлегува од велшкиот збор Caledfwlch (односно бретонското Kaledvoulc’h средно корнволски Calesvol), што е кованица од „тврд“ и „расцеп“. Името подоцна се користи во велшките адаптации на странски материјал како што се Bruts (хроники), кои се базираат на записи на Галфрид Монмутски. Честопати се смета дека е поврзан со друг меч Caladbolg, меч кој го носат неколку личности од ирската митологија.

Според британската традиција само Артур имал право на овој меч. Галфрид Монмутски во неговата Historia Regum Britanniae (Историја на кралевите на Велика Британија, 1136 год.), го латинизирал името на мечот на Артур и тој станал Caliburnus. Во старите француски романи, ова име се претворило во Escalibor, Excalibor, конечно, познат како Excalibur (Ексалибур).

Во францускиот роман Персивал од крајот на 12 век на Кретијен де Троа, витезот на Артур, Гавејн, го носи мечот Ескалибор и е наведено следното: „бидејќи на неговиот појас висеше Escalibor (Ескалибор), најдобриот меч што постоеше, што сечеше железо лесно како дрво“ (“Qu’il avoit cainte Escalibor, la meillor espee qui fust, qu’ele trenche fer come fust “.

Во IX книга за историјата на кралевите на Велика Британија (Historia Regum Britanniae), Калибурн прв се споменува како „најдобриот меч, кован на островот Авалон“ и е наведен од Галфрид заедно со другита витешка опрема на Артур и е посочен како предмет од особено значење.

Корицата имала посебна волшебна моќ

Според некои легенди корицата на Екскалибур исто така има посебна моќ, бидејќи какви било здобиени рани добиени додека се носи воопшто нема да прокрварат, и нејзиниот носител нема да умре. Поради оваа причина, Мерлин му се спротивставува на Артур затоа што Артур повеќе го сака мечот од корицата, велејќи дека таа е поголемо богатство.

Во подоцнежната романска традиција, вклучувајќи го и романот Le Morte d’Arthur, корицата ја краде неговата полу-сестра Морган ле Фај за да се одмазди за смртта на нејзиниот сакан Аколон и го фрла во езерото, за никогаш да не биде повторно пронајден. Заради ова подоцна Артур умира, лишен од таа магична заштита, во неговата последна битка.

Кога е откриен?

Овој меч бил наводно откриен за време на наводната ексхумација на гробот на Артур во опатијата Гластонбери во 1191 година. На 6 март 1191 година, по Договорот од Месина, Ричард I од Англија (Ричард Лавовско срце) му го подарил на неговиот сојузник Танкред, кралот на Сицилија.

Прочитајте ја и легендата за кралот Артур.

Напишете коментар