Skip to content

Митот за златното руно

Златното руно е митолошки старогрчки предмет, руно на крилестиот овен на кој Фрекс и Хеда патувале во Калхида, каде што го чувал змејот.

По смртта на алојскиот крал Кретеј, престолот го зел синот на Посејдон и Тира, Пелиј, иако според законот престолот требало да му припадне на неговиот брат Ајсон. Наскоро дознал за пророштвото дека ќе го убие потомокот на Ајол. Второто пророштво го информира Пелиј да се пази од човекот со една сандала. Кога Јасон се појавил пред Пелиј тој едната сандала ја имал загубено (според волјата на Хера, која сакала да му се одмазди на Палиј) во калта на реката Анаур.

Тогаш Пелиј го прашал Јасон што би правел кога пророштвото би му назначило кој од сограѓаните ќе го убие. Без размислување Јасон одговорил дека би го пратил да донесе златно руно. Кога Пелиј му се претставил на Јасон кој е, Јасон храбро го побарал престолот. Бидејќи имал силна потпора од другите владетели, Пелиј немал храброст да го одбие. Но користејќи ја итрината побарал прво да ја ослободи земјата од проклетството. И да го донесе златното руно кое сега висело во гората на Ареј Колхиѓанин, каде го чувала змија што не спие ни дење ни ноќе.

Потрага по Златното руно

Јасон не можел да го одбие барањето на Пелиј. Тој го наговорил бродоградителот Аргус од Теспија да му направи брод со педесет весла. Арг го соградрадил бродот од борови дрвја во гората Пелион, а самата Атена на бродот Арго на прамецот му поставила пророчки клун од дабот на Зевс од Дардана.

Јасон во меѓувреме испратил гласници низ цела Грција за да соберат доброволци – јунаци да тргнат на неизвесното патување. Наскоро била формирана посадата на Арго, ја сочинувале најголемите јунаци кои се отповикале на предизвикот. Според името на бродот морепловците биле наречени Аргонаути, а некаде се спомнуваат и под името Минијци, зашто некои од нив, како и самиот Јасон биле потомци на ќерките на Минијад.

Како се исполнила задачата?

Потрагата по Златното руно била долга, неизвесна. Исполнета со многу непредвидени потешкотии. Само благодарение на силната поддршка на Хера и Атена, како и на јунаштвото на неговите сопатници Јасон успеал да го донесе бродот до целта. Но и тогаш мисијата би била невозможна да во неа не се вплеткале божествата. Овој пат и со помош на Афродита, издејствувала нејзиниот син Ерос да ја маѓепса ќерката на Ајет Медеја, која му помагала на Јасон да дојде до руното. Ајет на Аргонаутите им задавал речиси невозможни задачи за да избегне да им го предаде руното.

Но и по исполнувањето на задачите, кралот Ајет одбил да го исполни ветеното и се заканил дека ќе го запали Арго.  Тој бил укотвен пред неговата престолнина Аја и дека ќе ја убие посадата. Знаејќи го тоа, Медеја ги повела Јасон и Аргонаутите во забранетата градина. Медеја со своето волшебништво им помогнала на Аргонаутите заспивајќи го чудовишниот змеј роден од крвта на Тифон. Јасон крадешкум го симнал руното, по што се повлекле во својот брод и тргнале назад.

Прочитајте го и митот за Атлантида.

Напишете коментар