Skip to content

Жорж Сименон, кој според многумина бил најголем писател на крими романи на сите времиња починал на денешен ден

Жорж Сименон, белгиски книжевник кој пишувал на француски јазик, е роден на 13-ти Февруари во 1903 година, а починал на денешен ден во 1989 година. Според многумина тој е најголем писател на криминалистички романи на сите времиња. Автор е на 84 криминалистички романи во кои главната личност е измислениот инспектор Мегре. Во самиот врв на неговата квалитетна “детективска книжевност“ спаѓаат романите: „Бродар“ „Ноќ на крстопат“, „Малиот доктор“ и „Мегре поставува замка“.

Неговите романи често се мешавина од сериозна литература и криминалистички жанр. Се пишувани во едноставен стил, често експресионистички, а се занимаваат со обични луѓе и случаи кои се посебни исклучително поради човечката природа. Сименон првично се занимавал со новинарство – од репортерски до духовити коментари на темата градски гласини.

Неговиот прв роман кој бил објавен под псевдоним Жорж Сим, излегува во 1921 година: „Мостот на Мези“. Во 1922 г. се преселува во Париз и почнува да пишува романи – фељтони од сите жанрови, измеѓу останатите: полициски, еротски и мелодраматични. Измеѓу 1923 и 1933г. објавил речиси 200 романи, преку 1000 приказни и голем број статии.

Во 1923 г. ја пишува својата прва книга за инспекторот Мегре наречена „Загадочниот Латвиец“. Набрзо Мегре станува многу популарен лик. Сименон ќе напише вкупно 72 Мегреови авантури (и неколку збирки приказни), од кои последната е „Мегре и господинот Шарл“ објавена во 1972 година. Многу негови романи се адаптирани за филм и телевизија.

Снимени се повеќе од 60 филмови во кои главен лик е инспекторот Мегре. Сименон умрел во Лозана во 1989 година.

Напишете коментар