Skip to content

Кои се придобивките од плетењето според невролозите?

Плетка, плетка, уште една плетка…Ритмичкото темпо на плетењето функционира, а за време на оваа занимливост човекот запаѓа во транс. Рацете се зафатени, главата ослободена од непотребни мисли, свеста е во стабилна состојба на рамнотежа.

Плетењето е мисловна пракса за медитација и концентрација, хоби кое ги соединува милиони жени ширум светот. Неврологијата го признала плетењето за нова јога, толку е силно влијанието на оваа работа за вљубениците во неа. Јога за мозок – навистина звучи импресивно.

Во текот на едно истражување во кое учествувале повеќе од 4000 плетачки од целиот свет, се докажало дека во текот на плетењето често се јавува состојба на среќа. Релаксација, отстранување стрес, самореализација им се достапни на луѓето кои се занимаваат со ова хоби.

Дали знаевте дека ако плетете барем 3 пати неделно вашето ниво на анксиозност и стрес значително се намалува? Најверојатно тоа влијае на емоционалната сфера, ја смирува и допринесува долгоочекувано чувство на рамнотежа. Исто така, ќе почувствувате позитивни промени во различни подрачја од животот.

Прочитајте ги во продолжение придобивките од плетењето.

1. Се подобрува менталната состојба. Со решавање на психичките проблеми ќе се зголемат вашите духовни ресурси.

2. Вниманието и концентрацијата ќе ви станат постојани придружници.

3. Развојот на фини моторички способности ќе ви овозможи да ги извршувате домашните обврски за кои порано немавте волја.

4. Креативноста ќе се развива и ќе ве радуваат неочекувани манифестации.

5. Самопороценката ќе достигне ново ниво – чувство за постигнување за убаво завршена работа, сигурност во сопствената сила, ќе придонесе за вашата самодоверба.

6. Едноставен начин за да се развие трпение и истрајност. Ништо нема да ве исфрли од рамнотежа!

7. Меморијата ќе ви се подобри, а мозокот ќе работи многу побрзо.

Целосната посветеност која ја дава плетењето, не може да се спореди со ништо друго што го нудат другите хобија. Многу научници веруваат дека плетењето им помага на постарите жени во поодминатите години да останат присебни и да им се продолжи животот.

Депресијата и анксиозноста можат да се победат со помош на плетење, а во тешки времиња ова хоби станува спас од разни вознемирувања.

Ако размислувате за започнување нови хоби, размислете дали вреди да се обидете со плетење.

Дознајте и каква е поврзаноста помеѓу болката и сонот?

Напишете коментар