Skip to content

Запознајте се со проектот „Гутенберг“ и неговото значење што го има денес

Проектот „Гутенберг“ го започнал Мајкл С. Харт во 1971 година и претставува најстара дигитална библиотека. Целта била сите книги кои се во јавна сопственост да ги префрли во електронски облик. Тоа го сторил поради две причини: за да бидат сочувани (бидејќи хартијата гние) и да бидат достапни преку Интернет секому што го интересираат.

Пред некои 11 години достапни биле близу 30 илјади наслови. До мај годинава бројката е дуплирана и достигнува над 62 илјади бесплатни книги. На проектот работат многу волонтери. Секој може да се приклучи доколку има желба.

За некој да учествува не мора да има ни книги, ни скенер, ни ОЦР софтвер, доволна е добра волја. Во 2000 г. Чарлс Франкс ги создал Projekt Gutenberg Distributed Proofreaders (непрофитна организација) страници со кои на проектот можат да му помагаат интернет корисниците.

Во пребарувањето (откако ќе се регистрирате), ќе се појави прозорец во кој горе се гледа скенирана слика на страницата, а долу препознаениот текст (можен layout исто така е сликата лево, а текстот десно за оние со поголеми резолуции). Кон крајот на 2004 г. проектот имаше околу 14.000 членови, а тие дневно „одработуваат“ просечно по 5.000 страници.

Од проектот месечно се преземаат по 2.000.000 книги.

Која е мисијата на проектот?

Таа е едноставна: да се поттикне создавањето и дистрибуцијата на е-книгите. Толку е возможна, да се поттикнат сите што се заинтересирани да прават е-книги, и да помогнат во нивната достапност.

Проектот Гутенберг ги прифаќа речиси 99% од сите барања за оние коишто сакаат да ги подарат е-книгите без авторски ограничувања. Се придвижува од идеи, идеали и идеализам, а не од финансиска или политичка моќ.

Бидејќи во него учествуваат волонтери тие немаат речиси никакви ограничувања во нивните активности. Не им се кажува што треба и како да прават. Им се дава целосно возможна слобода во смисла на форматирање на книгите, или други идеи околу создавање и дистрибуција на е-книгите.

Основачот на проектот вели дека сака да ги поттикне на испраќање е-книги сите што имаат веќе создадено такви. „Секој е добредојден да допринесе“ во овој проект.

Сакаме да обезбедиме е-книги во онолку формати колку што е возможно, за целиот свет да чита на сите возможни јазици. Секој е добредојден да направи своја е-книга, на свој начин“, напишал во Декември 2007 година основачот Мајкл С. Харт.

Пристапете до официјалната страна на проектот Гутенберг овде.

Напишете коментар