Skip to content

Што значи простувањето и зошто треба да простуваме?

Човечки е да се прости дури и ако некогаш тоа изгледа тешко. Веројатно се запрашувате зошто некому да му простите и како да го направите тоа? Што значи простувањето за нашиот однос?

Простувањето ве ослободува

Сè додека не простите некому вие сте поврзани со таа особа. Вашите мисли постојано ќе се враќаат на тој што ви згрешил и секогаш одново ќе ја доживувате истата ситуација.

Емотивната врска помеѓу вас ќе остане толку силно што во вас ќе предизвика многу патење кое ќе се рефлектира во вас. Во краен случај вие ќе бидете негативни и ќе им предизвикате болка на луѓето со кои сте опкружени и ви се драги.

Кога ќе простите вие се ослободувате од таа особа на која сте ѝ простиле. Тогаш вие се ослободувате од агонија.

Простете си на себеси

Она што го мислите за другите луѓе често е рефлексија на она што го мислите за себе иако ова секогаш не е очигледно. Другите луѓе ги осудуваме онолку строго колку што се осудуваме себе. На пример личноста која е многу критична кон другите веројатно ќе биде многу критична и кон себе.

Ако си простите себе за нешто што непромислено сте го направиле пред 10 години, па потоа и некои неодамнешни нешта, навиката за простување ќе се вкорени во вас. На овој начин полесно ќе им простувате и на другите.

Простете им на сите

Понекогаш полесно е да простиме големи и крупни грешки, а поради ситници знаеме да се лутиме со години. Точно е дека ситниците иако мали, знаат да значат многу.

Кога простувате, простете вистински

Кога простувате немојте повеќе да се враќате на она што ве повредило бидејќи ќе продолжите да одржувате лоша врска со таа личност. Можете да простувањето да гледате како на натпревар помеѓу две личности. Односно со простувањето покажувате дека сте подобра особа од друга страна и со тоа ќе ја покажете својата супериорност.

Од поголема корист е ако на простувањето гледате како на ослободување од друга особа и од заглавување во минатото.

Простувањето не е за слабаци

Може да ви се чини дека тоа е една верзија од откажување, дека простуваат слабите, а тие силните луѓе се лутат и одмаздуваат. Меѓутоа реалноста е потполно поинаква. Ако не простите тоа ќе ве гризе внатрешно. Постојано во себе ќе си ги повторувате аргументите и сеќавањата. На овој начин ќе си создадете уште поголемо страдање.

Простувањето ве ослободува, но е многу тешко. Лесно е да се носи лутината со себе, но да се прости, заборави и да се продолжи мирно понатаму, тоа го можат само најсилните.

Со простување иднината е подобра

Ако на простувањето гледате од практична перспектива тогаш тоа е многу паметно. Ве штити од болни искуства. Ве враќа во вашиот центар, а не другата особа. Вие ќе престанете да жалите за она што веќе е во минатото. Ќе се поштедите од непотребното трошење енергија. На тој начин ќе имате повеќе енергија да се посветите на сегашноста и она што го сакате во иднина.

Во простувањето не треба да ја вклучите другата страна

Многумина мислат дека да се прости значи да се повика другата особа и да ѝ се каже дека ѝ е простено. Тоа е понекогаш возможно, но најчесто не е потребно. Со простување треба да се ослободите од негативната врска со таа особа, а не воспоставување нови изјави за простување. Тоа се прави во себе. Ќе си кажете на себеси дека повеќе нема да размислувате на она што ве повредило. Нема да бидете лути и да кроите одмазда. Ќе продолжите понатаму без размислување за настанот.

Да се прости не значи да се продолжи таму каде што сте застанале

Ако се простиле не значи дека ќе ѝ дадете шанса на личноста што ве повредила да го направи тоа уште еднаш. Туку со простувањето себеси се ослободувате од поврзаноста и негативните емоции врзани за таа личност.

Понекогаш е возможно ако двете страни сакаат да се продолжи таму каде што сте застанале, но простувањето не мора да го налага тоа.

Да се прости значи дека сте способни да се издигнете над нечии грешки признавајќи дека сите грешиме, и продолжувате по својот пат. Тој пат може да ја вклучува личноста на која сте ѝ простиле, но патот се продолжува од грешката, а не од таму каде што бил пред нејзе.

Простувајте и нека ви простуваат. Не мора да барате прошка од некого за да ви се прости, но не чекајте ни да ви побараат за да простите. Простете тивко и во себе, за поголема благосостојба и внатрешна хармонија.

Дознајте и кои се придобивките од плетењето според невролозите!

Напишете коментар