Skip to content

Тајна на собата бр.11 – Ангела Додевска

  • by

Повторно по стоти пат го повикувам твојот број,

ѕвони телефонот но не добивам одговор.

А и не знам што би имала да ти кажам после сè.

Целиот живот ми го остави на едно збогум, не успеавме.

Откога те немам ко да ни не постојам.

Повеќе не чувствувам среќа и тага.

Само сум нема.

Нема сум за љубов откога те немам.

Дадов сè што имам, мојата крв, мојата душа, моето срце.

Мислев дека те познавам, дека ти си тој.

Сè ми зема.

Ми го зеде срцето го распарчи во целост на милион парчиња.

Ми ја зеде душата, ме зароби.

Очите ми се ко пустина, исушени од плач.

Повеќе немам зборови да ти објаснам зошто вреди.

Сега ми е сеедно дали си мој или не.

Со тебе ја снема секоја болка, секоја солза.

Остана само едно разочарување,

некаде загубената доверба и едно скршено срце.

Без тебе секоја секунда ме убива полека.

Не знам како ќе успеам да сакам после тебе.

Во туѓите очи не се препознавам.

Во туѓата прегратка не се пронаоѓам.

Не чувствувам мир, спокој, радост.

Те нема тебе.

Ништо не е исто после тебе.

И сега кога би застанал пред мене, не би знаела што да сторам.

Да ти се фрлам во прегратка.

Да ти удрам шлаканица.

Да ти се развикам.

Да ти кажам сè што ми лежи на душава.

Или пак само да те одминам.

Премногу е тешко ова за мене.

Толку сум слаба на твојата љубов, а не сакам да признам.

Ме составуваш како Рубикова коцка, одново и одново,

дури и кога грешиш успеваш да поправиш сè.

Сладок грев од мило лице,

тело од милион долари,

мирис на ванила и зборови слатки како чоколадо

со срце од стакло и скаменети мисли.

Ангела Додевска

Напишете коментар